Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Црвенковски: Двојната формула е лоша за преговорите

Немам информации за американски план за решавање на спорот за името, вели шефот на државата во интервју за „Глобус“

„Треба да се обидеме да дојдеме до разумен и фер компромис со Грција кој на ниту еден начин нема да го загрози нашиот национален идентитет. Се разбира, работите не зависат само од нас. Можеби низ процесот на преговори Грција ќе постави такви услови кои ние едноставно не можеме да ги прифатиме. Но, ако се случи тоа, знаејќи дека претходно од наша страна е покажана максимална конструктивност, нашата совест ќе биде чиста. Затоа треба да се влезе во процесот на преговори, а не тој процес да се избегнува или опструира, уште помалку со некои наши постапки да ч даваме аргументи или изговор на Грција да го прави тоа, префрлувајќи ни ја вината нам“, вели претседателот Бранко Црвенковски во интервјуто за неделникот „Глобус“ во бројот што ќе излезе во вторник.

Црвенковски нема информации за постоење на т.н. американски план за решавање на спорот со името. „Она што не е спорно е дека администрацијата на претседателот Буш е силен поддржувач на нашето евроатланско интегрирање и токму заради тоа постојано не' охрабрува и нас и Грција да ги продолжиме преговорите и да најдеме решение за спорот“, вели Црвенковски. „Треба да бидеме свесни дека шансите за позитивен расплет за Македонија во овој процес се многу поголеми отколку без ваквата инволвираност на САД. Никој не може да гарантира каков ќе биде курсот на новата администрација по претседателските избори во САД“, изјави во интервјуто шефот на македонскат држава.

„Враќањето на двојната формула во игра во една ваква деликатна и поодмината фаза на преговори е контрапродуктивно и порака за блокирање на преговарачкиот процес“, смета Црвенковски. „И тоа не порака до Атина, туку до Нимиц, до Вашингтон, до Брисел. Со тоа и' даваме силен аргумент на Грција и, како што гледаме, таа тоа умешно го користи, дека Република Македонија е страната која не сака решение, го блокира и опструира процесот. Тоа не нж става во поповолна ситуација во самите преговори, туку сосема спротивно, го зголемува притисокот кон нас и ни го отежнува коригирањето на дадените предлози во наша полза. Барањето на Груевски и неговите инсталации упатено до мене да дадам јас предлог за решавање на спорот е елементарно непознавање на технологијата на преговорите. Ова не е внатрешно-политичко прашање, туку процес во кој постои и друга страна - Грција и посредништво на ОН“, вели Црвенковски.

Алтернативно сценарио за нашето интегрирање во НАТО и во ЕУ, а кое би овозможило демократски и економски развој на Македонија не постои, ниту пак може да постои. Во ситуација на подолготрајна блокада на интегративните процеси и изол��ција на нашата земја, ние ќе разговараме за политики за опстанок и преживување, но не и за сестран економски и демократски развој. Постојаните обиди на Груевски да го релативизира значењето на нашето интегрирање во ЕУ и во НАТО за иднината на нашата земја е опасна работа, смета Црвенковски.

На прашањето што ќе биде приоритет за да се надмине кризата во СДСМ, Црвенковски смета дека кризата во редовите на социјалдемократите е сложена и повеќеслојна. Во голема мера е изгубен политичкиот идентитет на партијата, односно нејзиниот идеолошко-програмски профил. СДСМ е разединета и поделена партија, без неопходното единство за ефикасно функционирање. СДСМ се соочува и со организациска криза и кадровски дефицит. Токму овие слабости и проблеми ќе бидат појдовни основи точки врз основа на кои ќе се утврдат приоритетите во процесот на консолидација на партијата. Задачата нема да биде ни малку лесна и ќе бара многу работа и време, но длабоко верувам дека може успешно да се реши, изјави во интервјуто за „Глобус“ претседателот Бранко Црвенковски.

 


Статијата е прочитана 2622 пати.

Испрати коментар

Од: si
Датум: 06.09.2008 01:12:28
Brane ti si car ti si vistinski lider idol si mi
Од: blaze
Датум: 06.09.2008 01:29:08
E moj Brance so tvoite komntari Grcija stanuva mnogu posilna vo pregovorite mozda i nikola gresi ali ne tresi tolku na steta na makedonija PO SE MI IZGLEDA se brzas i za nekoja stolica za vo nato eu
Од: Петар
Датум: 06.09.2008 02:09:59
Koj e тој раэумен и фер компромис душо продадена? Интриганти од највисок калибар треба што побргу да ги снема од политиката на Македонија. Само кој ќе остане тогаш во политиката? Но Македонија е мала, еден "градоначалмик" и е доволен.
Од: Stojan
Датум: 06.09.2008 02:51:45
Jas mislam deka pretsedatelot Crvenkovski i negovata nepismena ekipa ne dovedoa do FYROM i site ovie koshkanja od strana na juznite sosedi.Strategija-nula,poznavanje-nikakvo,pazarenje-na nivo!!!
Од: ??
Датум: 06.09.2008 08:07:39
Човекот само знае да продава магла! Абе, кажи што мислиш и што планираш? Каде ТИ го гледаш решението? Доста веќе со тие “интелигентни“ одговори! Зошто е тоа потребно (да знаеме што мислиш)? Заради мене, заради тоа народот да знае кого да поддржи. Тоа е основа на демократските општества. Одреден политичар/политика ги изнесува своите планови и потоа за истите бара поддршка од гласачите. На СИТЕ ни е јасно дека се зависи и од другата страна (не сме деца, како што ти правиш/би сакал да се чувствуваме, заради сопствени потреби). Но уште појасно е дека доколку/додека не се изјасниш НИЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ќе сме ослабени во преговорите, затоа што другата страна ќе каже (заради твоите “интелигентни одговори“): Еве, овие самите се уште не знаат како се викаат, а сакаат ние да ги викаме Република Македонија. Толку ли е тоа тешко да го видиш “интелигенцијо“?
Од: mamani
Датум: 06.09.2008 09:11:43
taka e vo pravo e crvenkoski samo toa ne spasuva
Од: doktor psihijatar
Датум: 06.09.2008 09:31:34
ovoj ne e normalen.
Од: deo dimo
Датум: 06.09.2008 10:55:43
Za zal ali ovaj nashiot presedatel ne e sposoben ni za strazar na klozet . Go napaga gruevski za problemot za imeto sto samite tie go stvorija .Drugo toj zaborava oti toj beshe na mestoto na Gruevski a zoshto toj ne go reshi.Drugo da se smeni ime na edna zemja bilo koja idae i kade da e vo svetot mora narodot da se izjasni odnosno da glasaat na REFERENDUM ne e igracha ova , toa e reshavanje za identitetot na nashiot narod .Koga chovek se desilo da go izgubi svojot identited ,znachi e mrtov,poveke ne postoi no na Makedonskiot narod ako im se povazni EU i NATO povelete glasajte .Nikoj nema pravo ime da menuva na nashata zemja odsvem narodot ,ni pretsedatel ni premier nitu parlametot da vi vlezi vo glavata toa . Pa dosta e so ova ili ona ,viajte i napravete REFERENDUM.
Од: Atanas
Датум: 07.09.2008 05:12:16
Mi se cini deka ovoj zbori pod dejstvo na mito(logija ) ili drugi opojni sredstva. Poveke od ocigledno e deka ne mu e mestoto tamu kade sto e sega. Samiot idiotski poteg da se rzgovara ili pregovara za sopstvenoto ime e mizerija na politicarot i politikata ili pak da go parafraziram Engels Politika na mizerijata i mizernicite
Од: A .T .Aavstralija
Датум: 07.09.2008 10:28:31
Odova sto gledam treba otvoreno presedatelo Branko Crvenkovski pred sijot makedonski otvoreno da kaze koee tova kompromisno resenie ,koee tova ime osvem REPUBLIKA MAKEDONIJA
Од: ace
Датум: 07.09.2008 19:08:14
abe mnogu pameten ,ni u gradinka decata nema da ti veruvaat nitu pak ke mozes da gi izmanipuliras nekoj zbor za tebe JUDA ,predavnik na komitite ,atentator na Alexsandar ,,,,,,,,,ke si goris i goris beskrajno
Од: taipov abdula-intelektualec
Датум: 07.09.2008 23:10:38
Se slozuvam so planovite i mislenjeto na gospodinot crvenkovski deka;Problemot so imeto e problem ne se slozuvam deka gospodinot Gruevski ne gi poznava rabotite.kako treba da se resi imeto toa treba da odluci narodot na RM i toa so referendum. Site istoriski izvori okolu makedonskoto postoenje se navogaat vo istoriskiot arhiv na RT.Bi sakal da spomnam deka vo pslednite godini od vladeeneto na turcite vo Balkanot makedoncite imale pratenici vo carigrad vo parlamentot na turcija(Dimitar Vlahov-bil pratenik od Solunskiot vilajet. Se otvara za vreme na mithad pasha 1877/78 goga bil valija vo Solun se otvara gimnazija na makedonski jazik osven grckata i bugarskata ne li e dovolno toa,
Од: Branko
Датум: 08.09.2008 04:35:35
So Cisto lice ,Gospodine Predsedatele ke izlezeme a i so pocituvanje ako gi prekineme ovie sramni pregovori a ne da barame nekoj si kompromis.Ako ne ve biva za toa odete si i ne ja sramite republika Makedonija i Makedonskiot narod.
Од: A .T .Aavstralija
Датум: 08.09.2008 05:56:24
Nasiot presedatel treba pred celiot makedonski narod treba da kaze koee tova kompromisno resenie za sporot so imeto .Ako sega nie bideme severni makedonci ,dali egejska makedonija ke bidat juzni makedonci ,ili tamo ce ostanat da se vikaat kako tie da se makedonci a nas ce ne napravat da nie sme nekoje pleme so sto sakaat da go izbrisat nasiot makedonski identitet . ova se samo varki so koe se slozuva nasite prodadeni politicari,,MALCE RAZMISLETE NA OVAJ TRIK,,..
Од: rusamara
Датум: 08.09.2008 10:33:56
mene ne mi e jasno zasto vie od Utrinski mu davate tolku prostor na Crvenkovski koga dobro znaete deka toj e svrseno minato vreme- odgovorete mi zasto???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Битка да се освои Скопје

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.