Се расчистуваа диви депонии
Општина Гази Баба во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ расчистуваше диви депонии, најчесто направени покрај контејнерите. Со скип и три камиони кипери се расчистуваше ѓубрето, при што беа подигнати 216 кубни метри разновиден отпад. Акцијата беше реализирана во урбаниот дел речиси на целата општина, односно во населбите Железарница, Автокоманда, Керамидница, Триангла, Маџари, Хиподром и Ченто.
Општинската комунална инспекција упатува апел до граѓаните да се грижат за сопствената животна средина и да не го прекршуваат Законот за јавна чистота. Од Гази Баба најавуваат дека во иднина комуналните инспектори ќе ги санкционираат оние што нема да го почитуваат комуналниот ред. (Сн.К.) |