Број 3155  среда, 09 декември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Неразбирливи сметки за парно отпечатени на неквалитетна хартија

Хартијата на која се печатат сметките „Топлификација“ ја набавува од две фирми

Скопјани и' забележуваат на „Топлификација“ за лошиот квалитет на сметките за парно. Не само што се изработени на неквалитетна хартија туку се и лошо отпечатени, па тешко се читливи. Од друга страна, пак, на потрошувачите им се даваат многу стручни објаснувања за инсталирана моќност, за испорачана топлинска енергија за која никој не разбира како се пресметува.

Од „Топлификација“ велат дека им се познати ваквите реакции на граѓаните, бидејќи голем број од потрошувачите им ги упатиле своите забелешки особено за лошиот квалитет на сметките. Објаснуваат дека за тоа што е наведено сметките, потрошувачите можат да се информираат на нивната веб- страница, а не ретко и самите даваат објаснување по телефон.

Од претпријатието и самите забележале дека квалитетот на хартијата е лош. Особено се неквалитетни октомвриските сметки. „Топлификација“ ги печати сметките со помош на двата печатача што ги набави минатата година. Две фирми ја доставувале хартијата на која се печатат сметките. На тендер најпрвин била избрана фирмата „Напредок“ од Тетово, која ги снабдувала со хартија заклучно со јулските сметки, кога по нивната забелешка си ја признале грешката. Но, од јули досега ја ангажирале фирмата „Генекс“ ДОО од Кочани. По забелешките на лошиот квалитет на хартијата за октомвриските сметки, „Топлификација“ повторно за набавка на хартија склучила договор со „Напредок“.

Прошетката од една до друга фирма, велат од претпријатието, ја прават поради тоа што не нашле друг доставувач на таков тип хартија, кој единствено одговара на нивните печатачи. Доколку „Напредок“ повторно потфрли во квалитетот, ќе му бидат откажани услугите, па ќе биде побаран трет снабдувач со хартија.

„Топлификација“ месечно изготвува 50.000 фактури, а ��а секоја хартијата ја чини по 3 денари. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 585 пати.

Испрати коментар

Од: Petre
Датум: 09.12.2009 06:30:46
Сметките што ги испорачува „Топлификација“ неможе никој да ги прочита и разбере не заради лошата хартија а заради начинот на кој се испишани. Тоа е една огромна количина на разни бројки кои и вработените во „Топлификација“ не ги разбираат а камо ли граѓаните. И намерно се пишуваат за да не се разберат. Така полесно се поткраднува.
Од: kosmopolit
Датум: 09.12.2009 09:07:25
Sto e razbirlivo od "Toplifikacija" pa uste smetkite? Toa e eden neviden ograbuvacki monopol, a gragjanite voopsto nemaat kontrola vrz uslugata. Razbirlivi se samo studenite ili mlakite radijatori!
Од: Skopska toplifikacija - mafija
Датум: 09.12.2009 11:34:57
Ova e perfiden nacin da se zamajuvaat makedonskite prosti gradjani. Da e vo druga drzava dosega ovaa toplifikacija ce ja oteraa vo..... Takvo poitcenuvanje na gradjanite nikoj ne go pravi. Samo 4 meseci greenje, eftina nafat, a smetki ramni na evropski i uste samo po 3 meseci baraat povtorno zgolemuvanje. Od ova nekoj i od drzavata cari. Gradjani da se organizirame protiv mafijata vo Toplifikacija, sto ja dobija na poklon vo tajkunskata nasa privatizacija.
Од: mangupska rabota
Датум: 09.12.2009 12:17:57
Zbuni gi lugjeto koi placaat,najdobar nacin da gi ubedis.Megjutoa eve pomina najgolemiot del od "grejnata sezona vo toplo vreme nad 10 st.celzus,osytanuvat ustedva i pol studeni meseci bez mraz.A cenata raste?

Најди! во Утрински
Скопје
Приватна фирма ќе го собира ѓубрето во селата во Ѓорче Петров
Посвојување куче во петок и во сабота
Се расчистуваа диви депонии