Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Премиерот остана сам на отчетот

Политичките партии и експертите оценуваат дека кавгата со ДУИ е доказ дека нешто многу чкрипи во владината коалиција

Светлана Унковска


Соло-настапот на премиерот Никола Груевски на прес-конференција посветена на активностите на Владата беше соломонското решение по најновиот конфликт меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Кога во владината сала за прес-конференции Груевски се појави сам, беше очигледно дека владините партнери не успеаја да се договорат дали содржината на говорот на премиерот треба да го опфати четиригодишниот мандат од неговото владеење или двегодишното на актуелната власт.

ДУИ, покрај сите премолчувања и компромиси што ги правеше во изминатото двегодишно искуство со својот партнер ВМРО-ДПМНЕ, овој пат, сепак, реши цврсто да застане на својата одлука. Вицепремиерот Абдулаќим Адеми му рече „не“ на својот шеф, премиерот Груевски. Горкото искуство го носат од минатата година кога интегративците останаа затечени од настапот на премиерот, кој во отчетот говореше само за проектите и остварувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

За скандалот да не биде многу голем кога меѓу свитата на премиерот немаше да се појават и министрите на ДУИ, Груевски вчера мораше до владината говорница да дојде сам. Неговата перцепција дека власта е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, а попатно имаат коалициони партнери не му дозволи да го прифати барањето на ДУИ, испорачано во вид на ултиматум - или отчет за двете заеднички години или нивните министри не излегуваат на прес-конференцијата.

Политичките партии и експертите оценуваат дека со говорот Груевски покажал дека е опиен од власта, додека несогласувањата со ДУИ биле доказ дека нешто многу чкрипи во владината коалиција. ДУИ одби да го коментира пресот, поради, како што рекоа „она што го имавме го кажавме претходно“.

„Денешната прес-конференција на Груевски е само уште една потврда дека човекот е опиен од власта и целосно го изгубил чувството на реалност. Господине Груевски, тврдите дека работите деноноќно. Ако резултат на вашето работење е оваа осиромашена, изолирана држава во која владее криминал и корупција, тогаш ве молиме да не работите толку“, рече потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев. Случувањата меѓу владините партнери, според него, се резултат на нивната заемна недоверба.

„И самите веќе не си веруваат. Мислам дека многу јасно им станува на сите дека се работи за Влада и за премиер во заминување“, оцени Заев.

Од НСДП велат дека во говорот на премиерот не покажува визија за излез на земјава од кризата и дека поради тоа уште повеќе ги исплаши граѓаните.

„Крајно нереален говор што имаше, пред се', предизборна и популистичка функција. Најстрашно е што не покажа никаква визија како да излеземе од оваа тешка ситуација и со тоа тој ги исплаши граѓаните. Она што е, исто така, обесхрабрувачки е тоа што рече дека Владата нема намера да поведува никакви иницијативи за НАТО и ЕУ“, истакна Тито Петковски, кој и самиот беше дел од првиот двегодишен мандат на Владата на Никола Груевски.

Опозициската Нова демократија смета дека Груевски уште еднаш ги потврди нивните тези дека ДУИ гласала се' што и' било сервирано од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно ја прашуваме ДУИ дали се согласува со ваквиот отчет на премиерот Груевски и дали мисли дека на овој начин им придонесува на интересите на Албанците и на мултиетничката држава“, со соопштение реагираа од Нова демократија.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека последната кавга на владините партнери укажува дека наскоро ќе има предвремени избори. „Со ваквите однесувања на владините партнери, релативно е сигурно дека ќе се влезе во циклус на предвремени избори и затоа многу не се осврнуваат на чувствата на другиот партнер. На површина излегуваат несогласувањата и нетрпеливоста, која ја следеа оваа коалиција уште од првиот ден. Не гледам и не верувам дека овој говор е подготовка за подготовка на јавноста за евентуално решение на спорот со името и деблокирање на евроинтеграциските односи, туку чист вовед во предвремени избори“, убеден е Муслиу.


#
Статијата е прочитана 2382 пати.

Испрати коментар

Од: сељак
Датум: 04.09.2010 12:20:32
Ако му беше целта на Груевски да не насмее, успеа. Но, не е тоа проблемот, проблемот е што се шали на наша сметка!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.09.2010 12:49:44
Пак имаме неинвентивен и безсодржаен текст.Пак на авторката на текстот и е поважна формата од содржината.Место осврт на она што нее остварено а ветено имаме осврт,,бил осамен,го немало ДУИ,каде се министрите,, и т.н И сето гарнирано разбира со цитирање на опозицијата која никогаш нема барем делимично да го поздрави освртот на премиерот.Однесувањето на опозицијата барем кај е очекувано секогаш и порано и сега и во иднина.По се изгледа економијата на авторката и е tabula raza.
Од: Alpha+
Датум: 04.09.2010 14:42:56
Retko komentiram drugi komentatori, ama FELIKS ne moze covek da go ostavi.Koja sodrzina vo govorot na Grujo vide coveku.Sto moze da se pofali za srabotenoto za ovie 4 godini.Lopataranjeto li mu bese predizborna programa ili investiciskiot bum, namaluvanje na nevrabotenosta,reformite vo obrazovanie,zdravstvo,sudstvo.Za kakva ekonomija mislis majstore ziti se.Za kakvi reformi.Reformi li se vo sudstvoto nacukuvanjeto na partiski vojnici vo sudovitye i obvinitelstvata,po bolnicite nemaat cepcinja za decata da im ja namalat temperaturata od doma si gi nosime,pogledni po gradovite vo vnatresnosta vo kakvi uslovi se lekuvaat po bolnicite da tie gad da legnes vo krevet,za investiciite krivi bile investitiroite-ne investirale pazi molim te,MKD e pretvorena vo krvav poligon za presmetki,pljacki na banki skoro sekoj den,sudovitye i obvinitelstavata se bez telefoni,hartija za pisuvanje,toneri,cistacki,dolzni se do gusa,kade se fabrikite,patistata,aerodromite,otkupnite centri eeeej moj tabula razo
Од: Nikola
Датум: 04.09.2010 15:18:44
Kakov da bide govorot na Premierot koga Vladata t.e. DPMNE e faten "anflagranti" kako ucestvuva vo prodazba na droga?
Од: забеган.
Датум: 04.09.2010 16:24:36
Не верувам дека нешто Чкрипи во коалицијата,Сигурно несе договориле по колку ќе поделат од Некоја си улица што ќе ја граделе подземи.А одозгора ќе градел некојси објекти.
Од: Трпе
Датум: 04.09.2010 17:00:13
Нема потреба да стојат овие лажговци позади него.Кога човекот остварува се страм.
Од: b
Датум: 04.09.2010 17:10:19
Duti i Fidel Kastro nemoze kako nego!
Од: тетово
Датум: 04.09.2010 18:23:49
Во болниците се инвестираше прв пат по 40 години - дали во оние 15 на бранко нешто се инвестираше?-не. Дали додека беше Бранко нешто се направи за судството?-не. Дали фрлаше он лопати?-не, ништо не ни градеше. Дали нешто воопшто работеше? - не. Немаше ни нови вработувања, не се плаќаше никаков данок на државата, пензиите се кратеа (заборавивте на оние 8%?). Сега барем нешто се придвижува. Фабрики државата не може да гради... А кога ќе споменете спомениците - и ајфелова кула додека се градела умирале милиони од некаква си чума, а денес им носи милијарди на французите.
Од: "vodolija"
Датум: 04.09.2010 22:42:33
So ovakvo ideolosko Teroristicko vladenie ke ostane i sam vo zivotot !!! A, ke bide i naj sreken na svetot ako go izbegne SUDIROT SO ZAKONOT. SE' MISLAM deka ke duva i na jogurtot, ke go prokolnuva denot koga se resil da se bavi so politikaVo elektrikata i pilitikata samo ednas se gresi !!!???
Од: trpe original
Датум: 05.09.2010 00:30:06
Koga e monodrama, togas se zboruva za sebe a ne vo ime na drugi.Toa se odnesuva na dilema:dve ilicetiri godini vladeenje,kakvo takvo.Pastirot sam moze da zboruva samo za prvite dve godini, za koi i so izborite veke dal otcet.Toa znaci deka otcet se dava za poslednite dve godini, a tuka ne e sam.Mora da ima nekakov razumen kompromis so DUI?Inaku,lele majko, med i mleko za se a za drugoto e kriv BC.Samo, ako go snema BC, koj togas ke bide vinoven?Se znae, Cacko!Da se cuva Cacko, oti za nego nema bezbedonosna zastita od gospoicata ministerka (kako sto nemase i vo Ohrid).
Од: Феличита
Датум: 05.09.2010 11:16:52
Среќко,не е проблем,ако новинарката е “табула раса“ во економијата.Проблемот е во тоа што табула раса за економија е премиерчето,иако дипломирало во Прилеп,а магистрирало двапати,еднаш пред и еднаш после постдипломски студии! П.С. “Тетово,ај кажи кои се тие 15 години на Бранко,ако пастирот во тие 15 години бил на власт 8?По тебе треба да умрат милиони,само пастирот и фамилијата да уживаат!

Најди! во Утрински
Втора страница
Идеален партнер
Вербатим
Закопаните Косовци исчезнале од Македонија
ВМРО-ДПМНЕ