Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Закопаните Косовци исчезнале од Македонија

Локацијата каде што, наводно, била масовната гробница сега е бетонирана

Истрагата за наводното постоење масовна гробница во Македонија е запрена поради немањето одговор од Скопје, тврдат официјални лица од Косово. Астрит Колај, портпарол на косовското Министерство за правда, во средата изјавил дека до неговиот кабинет се' уште нема одговор на барањето испратено во мај во Македонија за формирање работна група што ќе го истражи случајот.

Околу 18 Косовци, убиени за време на конфликтот во 1999 година, според тврдењата од Приштина, биле закопани во масовна гробница што подоцна била бетонирана во гробиштата во македонскиот главен град.

Тврдењата дојдоа откако Севдије Франгу, лидерка на „Солзи и надеж“, здружение за исчезнати лица од областа Качаник на македонската граница, ги посетила гробиштата „Бутел“ во Македонија во 2007 година, како дел од истрагата за несреќата што им се случи на седуммина од нејзиниот град, кои исчезнаа за време на конфликтот.

Таа тврди дека се сретнала со гробарот кој и' кажал дека закопал 18 лица во 1999 година и и' го покажал местото на нивните необележани гробови. „Гробарот ни кажа дека македонската полиција ги донела телата со воен камион“, изјави Франгу за „Балкан инсајт“. „Тој ни кажа дека мора да ги погребаме сите 18 тела“. Франгу изјави дека кога се вратила по една година, местото го немало. „Бев шокирана кога видов дека истата локација сега е без гробови и е бетонирана“, додаде Франгу. Нејзината фотографија од 2007 година на гробовит�� е дел од доказниот материјал на Косово.

Македонските официјални лица обезбедија листа на имиња од 32 Косовца закопани на гробиштата во 1999 година. Тие наведоа дека луѓето починале од природна смрт или, пак, во бегалските кампови формирани во 1999 година во Македонија, или во домовите на етничките Албанци од Македонија кои ги примија.

Висок службеник во македонското Министерство за правда, кој сакал да остане анонимен, за „Балкан инсајт“ изјавил дека барањето на Приштина упатено во мај се третира „со големо внимание“. (Балкан инсајт)


#
Статијата е прочитана 1903 пати.

Испрати коментар

Од: Vuk
Датум: 04.09.2010 12:36:23
Baranjeto treba da se prifati i istrazi slucajot zasto so tekot na vremeto "koskite na mrtvite sami zboruvaat". Ako ima pogrebano gragani od Kosovo vo Makedonija za vreme na Bombardiranjeto na Srbija i begalskata kriza od Kosovo toa e situacija od koja ne treba da se bega. Treba da se ispocituvaat site Medjunarodni normi i da se zatvori slucajot na zadovolstvo na rodninite na isceznatite, pocinati i pogrebani gradjani na treitorijata na Makedonija..

Најди! во Утрински
Втора страница
Идеален партнер
Премиерот остана сам на отчетот
Вербатим
ВМРО-ДПМНЕ