Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма
Се води ли сметка за гранитните плочи на плоштад?

Сима Петровиќ

Се обраќам со ова мое писмо со надеж дека ќе го прочитаат и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, па нешто најпосле ќе преземат, бидејќи сите мои досегашни писма испратени до нив не дадоа плод. Еве ги проблемите што треба да ги знаат и да ги решат што поскоро посочените градоначалници.

Во неделава што измина на плоштадот „Македонија“ се одржа „Виноскоп“, кој, патем, личеше на селски панаѓур. По завршувањето на „Виноскоп“ на плоштадот во близината на споменикот, веднаш до тревата кај бившиот Офицерски дом, гранитните плочи останаа прекриени со масло од скарите и сега тешко дека ќе можат да се исчистат. Штетата што ја направија на раскопаните коцки и плочи е ненадоместлива. Во иднина би требало да се организираат вакви манифестации, на пример, на паркинг-плацот кај хотелот „Холидеј ин“.

И натаму останува проблемот со искршените и извадени гранитни плочи на плоштадот „Македонија“, кој и кога некогаш случајно ќе биде нешто поправено се прави многу лошо и бидејќи не се нивелираат остануваат големи влабднатини. Најизразен пример за тоа е околу споменикот на Гоце Делчев и кај новата винарница на „Сковин“ спроти ресторанот „Дал-мет-фу“. За извадените и оштетени канделабри на плоштад��т веќе не вреди да се пишува, бидејќи никој не презема нешто да ги замени отстранетите канделабри.

Коцките на кејот „13 Ноември“ веќе се во очајна состојба и не може нормално да се помине кога ќе заврне дожд. Во продолжение на кејот „13 Ноември“ спроти „Дрводекор“, а и на самиот кеј клупите се 90 отсто уништени и никој не ги поправа.Толку нови клупи набави градот, ама таму изгледа не поминал никој да ги види постојните во каква состојба се. Исто така, поминаа неколку акции „Ден на дрвото“, а на плоштадот „Македонија“ не се засадија нови дрва на местото на исушените каде што моментално има некој ниски зимзелени грмушки и дрвца. Патем, сите нови дрвца што се садат на фреквентни места треба да се обезбедат со метални огради што можат да се земат и од други места каде што дрвцата се веќе доволно големи и не можат да се оштетат.

Сакам да знам што ќе биде и со летните тераси на плоштадот „Македонија“. Место веќе да почнат да се отстрануваат, бидејќи според законот, можат да стојат до 30 октомври, најнова злоупотреба е тоа што на кафулето „Астро“ спроти „Тренд“ е поставена и дрвена платформа што е законски најстрого забрането. Сакам да видам дали оваа година ќе биде отстранета терасата на „Тренд“, а и на „Астро“, која навистина го нагрдува цел плоштад , заземајќи стотина квадрати од плоштадот, па со тоа ја нагрдува целата околина на плоштадот и на Ристиќева палата.

И на крај сакам да прашам кога ќе бидат отстранети бетонските столбови на влезот во ГТЦ , веднаш до новата продавница на „Најк“ во Лумикс, кои служат за лепење плакати и кои ја нагрдуваат целата околина. И зошто веќе еднаш не се покрие влезот на ГТЦ. Тука би сакал да ги прашам градоначалниците, што стана со најавуваното поплочување на просторот околу „Лумикс“ со кој плоштадот ќе се нивелираше до влезот на ГТЦ и што беше обврска на инвеститорот на "Лумикс". Вака сега се оди по една неприродна косина од плоштадот до влезот во ГТЦ. Сосема за крај , би ги потсетил градоначалниците дека е крајно време да се поправат тротоарите на „Партизанска“ и да се стават метални столпчиња за паркирање коли зашто буквално не може да се помине, а исто така и тротоарот пред „Акрон“ спроти слаткарницата „Апче“ во правец на кафулето „Броз“ би требало да се поправи, бидејќи изгледа неубаво.

#
Статијата е прочитана 657 пати.

Испрати коментар

Од: Oskar
Датум: 25.10.2010 14:51:53
Bravo Simo, site primedbi Vi se sosema na mesto. Zalosno e, sto nikoj od nadleznite za ovie propusti, koj mnogu vlijaat na izgledot na Gradot ne vodi smetka. Za unistenite klupi na Kejot se znae koj e vinoven (kafeandjiite) no nikoj ne gi zema na odgovornost, kako i za prodolzenata sezona na terasite, maslosanite ploci. Tretoarot na Partizanska od pocetokot do Ruzveltova e neprooden za pesaci a za toa nikoj glava ne go boli i ne odgovara. Za vakvi propusti gradonacalnicite i sovetnicite na opstina Centar i g. Skopje bi trebalo da gi nema na funkciite.
Од: b
Датум: 25.10.2010 16:00:13
Г-дин Сима, Зашто да ги чуваат? Па нели Коце Коцкица рече ке ги менувал. Така било во Париз, тој лично видел. Само кога ке дојат на ред. Прво да го средел саатот на стара железничка. Тоа што го вети во изборната кампања, заради и што ги доби изборите.

Најди! во Утрински
Писма
Лаички тези
Владата прави груба манипулација






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker