Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма
Владата прави груба манипулација

Ден Дончев

Во врска со демантот од Секторот за односи со јавноста при Влада на Република Македонија дека вршам обид за груба манипулација со податоците објавени во моја колумна во „Утрински весник“ на 20 октомври 2010 година, ја информирам јавноста за следново:

Никаде во демантот на Владата не се негирани следниве мои констатации во посочената колумна:

Вкупниот надворешен девизен долг на Македонија на 30 септември 2006 година изнесуваше 2,4 милијарди евра кој порасна на 4,1 милијарда евра на 30 јуни 2010 година.

Моменталниот тренд на задолжување, како и новонајавената кредитна линија од ММФ и Светска банка од 600 милиони евра значи дека веројатноста е голема до 30 јуни 2012 вкупниот надворешен девизен долг на Македонија да изнесува најмалку 5 милијарди евра. Тоа би значело дека за само шест години во време на Никола Груевски, вкупниот надворешен девизен долг ќе се дуплира.

Никаде во мојата колумна не може да се прочита дека овој долг е јавен долг, туку пишувам дека тоа е вкупниот надворешен девизен долг на Македонија (кој, исто така, е јавен податок и може да се провери на веб-страницата на Народна банка на Република Македонија).

Ако на економистите во Владата кои ја напаѓаат мојата стручност, не им е јасно дека терминот вкупен надворешен девизен долг се однесува на вкупниот јавен и приватен долг на Република Македонија, навистина треба да се запрашаме на кого не му е позната економијата.

Владата на Република Македонија е одговорна за севкупната макроекономска состојба, која го опфаќа јавниот и приватниот сектор во државава. Обидот Владата да си ги припишува податоците што и' одговараат, а да ја префрла на други вината за податоците кои не и' одговараат, всушност, е вистинскиот обид за груба манипулација со податоците. Но, сето ова детално ќе го образложам во следнава моја колумна.


#
Статијата е прочитана 758 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 25.10.2010 13:30:06
Neznam sto voopsto se 'raspravas" so Vladata. Pa tamu izjavi, planovi,analizi dava koj kako stigne,od cinovnik do Minister, a sto e najvazno i oni samite ne znaat koj sto kazal.Pameten minister nema da dozvoli drugi da kazuvaat "brojki i bukvi" za negovoto Ministerstvo, no so obzir na toa kakvi se Ministrite, i ova e dobro sto barem nekoj od "cinovnicite" se nafatil barem nesto da kazat.Sekojden e se poneozbilno i poneozbilno.Za da "kupat" den, se zadolzuvaat za 20dena,pa taka za da opstanat uste 2 godini, ke ne zadolzat za slednite 50godini, a za toa tocni brojki ne im se potrebni.Moze i od rakav.
Од: samoil
Датум: 25.10.2010 14:18:45
Sreka sto Doncev ne e od DPMNE inaku i toj ke gi kazuvashe rozevite rezultati Vaka toj nema interes i razmisluva realno pozdrav

Најди! во Утрински
Писма
Лаички тези
Се води ли сметка за гранитните плочи на плоштад?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker