Број 3414  понеделник, 25 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Писма

Лаички тези

Демант од Министерството за транспорт и врски

За текстот „На втори кат не може со високи штикли“, потпишан од новинарката Снежана Калабакова, објавен на насловната страница на „Утрински весник“

Во овој текст новинарката кон јавноста ги поставува прашањата „Кој ќе може да го користи вториот кат од автобусите и зошто воопшто имаше потреба од него ако неговата употреба е ограничена само на одреден број луѓе? За кого се наменети автобусите, за џуџиња?“

Ве информираме дека секаде автобусите што се користат за градски превоз се по меѓународни стандарди, кои се однесуваат на нивните димензии и во рамките на Европската унија тие се пропишани со Директивата 2002/7/ЕС на Европскиот парламент, која во македонската регулатива е имплементирана во Законот за возила („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 140/08), односно неговите подзаконски акти. Оттука, коментарот на новинарката на наведениот текст дека потенцијалните патници со автобусите се „џуџиња“ укажува на флагрантно непознавање на техничко-метролошките прописи во оваа област.

Сакаме да ја информираме јавноста дека набавката на 202 двокатни автобуса, како и на 84 нископодни автобуси претставува реализација на проектот за обновување на возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, со што за граѓаните на Скопје ќе се обезбеди удобен, безбеден и модернизиран јавен градски превоз во главниот град на Република Македонија. Недозволиво е во јавноста да се презентираат лаички тези и тврдења за работи што се уредени со меѓународни технички прописи и стандарди, како што е висината на автобусите.


#
Статијата е прочитана 975 пати.

Испрати коментар

Од: Hari
Датум: 25.10.2010 12:14:18
Ne treba covek da bide vraboten vo toa Ministerstvo za da bide navodno strucnjak. Celiot proekt, pocnuvajki od smesnite dvokatni avtobusi koj ce se vozat niz dupkite vo Skopje, niskite krovovi, kineski kvalitet, kupuvajte makedonski proizvodi, i nevidek kriminalm koj zavrsuva vo dzebovite na DPMNE e jasen kako den. Promasen proekt i kriminal.
Од: Џуџе
Датум: 25.10.2010 12:36:38
Ај бателете повикување на Европски директиви. Малце здрав разум. Дали висина од 170цм е доволна? Не сум ја прочитал директивата, ама претпоставувам е засегната со стабилноста на автобусите. И верувам дека сегашната висина на автобусите е максимално можната за истите да бидат стабилни. Главното прашање е колкава е просечната височина на населението во Македонија (Скопје). Дали висината од 170цм на вториот кат одговара на нашите состојби или не. Наместо да се повикувате на директиви би било подобро да почнете да користите малку здрав разум, кој очигледно ви недостасува. Се сеќавам на раскажувањето на баба ми која се возела во старите скопски автобуси. Викаше „се занесуваа и се навалуваа во кривини“. Незнам кој ѓавол се запнавте за тие проклети автобуси. Своевремено Лондонските власти сакаа да ги укинат поради непрактичноста, ама и тие ради пуста традиција изгледа решија да ги задржат. А нашиве биле баш поклон од Британија, се ослободувале од старото железо, па ни ги тутнале нам.
Од: mihajlo
Датум: 25.10.2010 13:10:59
Najmalku e za polemiziranje za standardite(tehnicki) na naracanite dvokatni avtobusi.Za mene mnogu pobitno e dali dvokatnite avtobusi od prakticni pricini i koi se tie pricini se nabavuvaat.se postavuva isto taka prasanjeto vo kolku zemji vo svetot istite se koristat i pricinite za nivnoto koristenje.moe mislenje a potkrepeno so podatoci izvadeni od analiticki centri ukazuva na faktot deka ovoj vid na avtobusi e vo opadjanje za razlika od ednokatnite.Za ova isto taka postojat dovolno izdrzani argumenti koi ne navleguvaat vo politickite vodi tuku se del od prakticnosta vo vremeto vo koe ziveeme.
Од: Sase
Датум: 25.10.2010 13:32:49
Добро бе луѓе вие од министерство писмени сте? Не сваќате дека луѓе ви се смеат? Сте учеле математика? Знаете колку 170см? Доволно ли е? Европски директиви? Мајкеми! Каде има во европа двокатни? Само во Лондон! Колку е нивниот втори кат? Ја сум бил и се собирам комотно, а сум 1,85! Неписмени сте! сте прочитале некоја директива и не уклучувате памет да видите дали е ок! Треба да се засрамите
Од: Biljana Sidovska-Ivanovska
Датум: 25.10.2010 15:07:59
Ushte edna tazzna istorija! Dvokatnite avtobusi nepraktichni za povozrasni i neprilagodeni za nashite ulici i nevkusni bidejki ne "lichat" na vremeto koe go zziveeme dolgo ke svedochat za gluposta na ova rakovodstvo, t.e ovaa vlada! A dali nekoj imal ushte i materijalna korist od ovoj proekt ne mozzam da shpekuliram, poveke mislam se raboti za GLUPOST> Postojano mislam na prkaznata " CAREVATA NOVA OBLEKA" Pouchna e neli?
Од: Виктор
Датум: 25.10.2010 20:36:26
Никаде не видов да се одрекува оти тие ќе бидат високи само 170cm, што значи власта со своите соопштенија по којзнае кој пат „пука во празно“ и реди фрази и флоскули без никакво реално значење. Но, останува фактот дека на вториот кат во автобусите ќе може да се возат само деца и останува сомнениот за транспарентноста на тендерот и реалната потреба од овие ретро автобуси.

Најди! во Утрински
Писма
Владата прави груба манипулација
Се води ли сметка за гранитните плочи на плоштад?






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker