Танц-парадата ќе ги затвори улиците во центарот
„Танц-парадата 2010“, во организација на Младинскиот културен центар, Градот Скопје и Министерството за култура, утре од 11 до 13 часот ќе затвори за сообраќај неколку улици во центарот на градот. Во текот на двочасовната манифестација, ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од семафорите кај Црвен крст до пешачкиот премин кај улицата „Македонија“, поранешен „Путник“.
Автобусите на јавниот градски сообраќај на линиите „3“, “3-б“, „4“, „5“, „7-а“, „7-б“, „21“, „22“, „24“, „50“, „57“ и „59“ што се движат по „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ во насока кон Кисела Вода и Аеродром ќе бидат пренасочени и ќе се движат по улицата „Железничка“, а автобусите на линија број „16“ ќе сообраќаат преку „Југодрво“ до Бит-пазар и Железарница.
Автобусите на јавниот градски сообраќај што се движат во правец на Карпош „3“, „3-б“, „4“, „5“, „7-а“, „7-б“, „21“, „22“ и „24“ ќе бидат пренасочени по улицата „ Мито Хаџи Василев-Јасмин“, а линиите „50“, „57“ и „59“ (од Бит-пазар преку „Југодрво“). Линијата број „16“ ќе сообраќа од Бит-пазар преку „Југодрво“ до Пржино, притоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта. (С.Н.) |