Никако да ја најдете златната средина. Само одите од крајност во крајност. Моментално сте во позитивна фаза. Зрачите со оптимизам. Планирате деловни и приватни случувања со кои ќе имаат најповолен ефект. Имате подршка од личност родена во знакот на Лав или Стрелец. Избегнувајте судири со нив.
Бик
Тивко ќе се буните против оние кои се обидуваат да ви наметнат некои идеи и да ве ограничуваат во активностите. Сметате дека сте доволно паметни да размислувате со сопствената глава како и да донесувате одлуки. Бидејќи има евидентна напнатост обидете се на ваш својствен начин да се релаксирате. Можни се срцеви заболувања.
Близнаци
Бидејќи многу нешта ги сработувате со леснотија проширете го списокот на активности. Во форма сте, а тоа не се случува често, па искористете ги вашите пет минути. Со Стрелците остварувате плодна деловна соработка. Склони сте кон погрешни проценки и дијагнози.
Рак
Се работите во стилот топло-ладно. Осцилациите и расположението се големи. Доколку се бавите со култни теми, посредување или продажба на недвижности ќе бидете успешни. Во спротивно ќе бидете незадоволни и нервозни. Водолијата по којзнае кој пат ви ја враќа вербата во љубовта.
Лав
Некој константно ви се меша во животот и во донесувањето на одлуките, па ќе се нервирате. Пред себе сте поставиле нескромни цели, кои тешко можете да ги остварите. Паѓате во оган и несоодветно реагирате. Смирете се и соберете сила.
Девица
Доколку настапат здравствени проблеми, не бидете хипохондрични. Ќе видите дека узбуната била лажна. Ако одете на лекар, веројатноста дека ќе бидете жртва на погрешна дијагноза е голема. Благодарение на интензивната фантазија и талентираноста во останатите сфери одлично ќе функционирате.
Терезија
На сите страни сте опкружени со проблеми. Помисливте дека најтешкиот проблем сте го решиле, кога нов се појавува во облик на судир со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Околностите налагаат итна интервенција, за да ја пребродите кризата, која лошо делува на здравјето. Ако продолжете да се нервирате, не ви бега операционата сала.
Скорпија
Незадоволни сте и вознемирени иако тоа се обидувате да го прикриете. Поради нешто сте загрижени. Немате јасна претстава за ситуацијата во која се наоѓате, така што лесно може да направите погрешен чекор. Стрпете се уште неколку дена, кога состојбата ќе се искристализира, но и кога ќе знаете каде сте и што можете да добиете.
Стрелец
Доколку на било кој начин се обидете некој да искористите или ќе се случи обратното или лошо ќе помините. Бидејќи од другите очекувате повеќе од она што е подготвена да го даде, ќе бидете незадоволни и разочарани. Затоа намалете ги барањата, иако на Стрелците тоа тешко им поаѓа од рака.
Јарец
Не ја расипувајте енергијата и времето не го трошете на глупости кои само ве исцрпуваат. Мора да бидете внимателни и да правите се за да ја зголемете отпорноста на организмот. Опасноста од повреди постои, но со разумни постапки може да се спречи.
Водолија
Морате да ги потиснувате чувствата. Внимание ви посветува личност која не ја сакате. Вашите мисли се кон некој друг, со кој поради виши околности не можете да бидете и да остварите стабилна врска. Морате да се задоволите со моменти. Барем не ви е досадно. Изненаден прилив на пари.
Риби
Психата и сите проблеми поврзани за неа ги очекува сите хиперсензибилни припадници. Се навредувате поради најмала ситница и таложите внатрешно незадоволство што води до болест од органска природа. Многу Риби кои на животот гледаат од убавата страна ќе се чувствуваат фантастично.