Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Забава

МЕГАН ФОКС

Глупава како камен

„Со Меган Фокс, која е глупава како камен, работиме една година на двете продолженија на ’Трансформери‘. Искуството навистина е трауматично. Таа не покажува никаков интерес за луѓето со кои работи, никого не поздравува и намуртена е по цел ден. Единствено полошо од тоа е кога ја гледаме како се труди да глуми“, пишува во отвореното писмо на неименувани членови, кои работат во екипата на „Трансформери“, заедно со режисерот Мајкл Беј.

Авторите се одлучиле на овој чекор по изјавата на Беј, кога Меган ја споредил со Адолф Хитлер. Отвореното писмо било објавено на Интернет-страницата на филмот. Анонимните писатели проговорија и околу споредбата на Меган со Анџелина Џоли.

„Оваа срамежлива девојка доби животна шанса во ’Трансформери‘ и сега ја нарекуваат новата Анџелина Џоли. Но, вистината е дека таа е далеку од Анџелина. Фокс секогаш доцни, се однесува непрофесионално, многу е непристојна и невоспитана. Таа позира и се однесува како порноѕвезда и поради тоа никогаш нема да ја достигне Џоли“, напишале членовите од екипата.

Писмото завршува со искрена желба Меган Фокс во првите десет минути од филмот „Трансформери“ да биде здробена од Мегатрон.


#
Статијата е прочитана 1298 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Престари за да посвојат дете
Обама го нарече пијаниот рапер - магаре
Нагрден од фејс-лифтингот