СИЛВЕСТЕР СТАЛОНЕ
Нагрден од фејс-лифтингот
Некогашниот најголем акциски заводник - актерот Силвестер Сталоне како да не може да се помири со стареењето. Веќе извесно време се шепоти дека се подложува на парцијални жестоки третмани на лицето, но ништо не го спречило да оди и чекот понатаму.
На филмскиот фестивал во Венеција многумина се прашувале во што сака да го увери светот решавајќи се во 63. година на чуден третман на подмладување.
Овој зафат, дефинитивно, направил од Сталоне само смешна фигура, а во прв план биле само веѓите, трајно високо подигнати. Руменилото на образите само го засилил несмасниот изглед на актерот. |