Гази Баба и Карпош слават роденден
Општините Гази Баба и Карпош денеска ги одбележуваат своите родендени. По повод 34 години од формирањето, ќе има многубројни пригодни манифестации во кои главните учесници ќе бидат децата од предучилишните установи и учениците.
Двете општини денеска ќе одржат и свечени седници. Гази Баба ќе ја промовира и новата веб-страница, а во Карпош, пак, градоначалникот Стевчо Јакимовски заедно со претставниците од збратимените општини Нов Белград од Србија, Тиват од Црна Гора и Тријадица од Бугарија ќе ги посетат штандовите на манифестацијата „Вешта рака“. На свечената академија ќе биде промовирана и детската химна за Карпош од учениците на основните училишта од општината. (Сн.К.) |