Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Новите договори за парно ги зачадија корисниците

Непотпишувањето на договорите не значи и исклучување освен ако граѓаните го сакаат тоа

Снежана Калабакова

Корисниците на парно почнаа да чадат. Ама не од топлина, туку од проблеми на кои наидуваат секојдневно уште од стартот на грејната сезона. Од студени радијатори, преку дефекти, до нејаснотии околу новите договори што треба да ги склучат со фирмите за снабдување.

„Согласно со член 5 и член 16 од Правилникот за снабдување со топлинска енергија снабдувачот и потрошувачот се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија за да ги регулираат меѓусебните права и обврски. Во спротивно, снабдувачот нема обврска за испорака на топлинска енергија и ќе врши исклучување на сите оние што нема да склучат договор од која било причина“.

Ова е дел од содржината на известувањето што го испрати „Снабдување запад“ минатата недела до корисниците, а во кое, меѓу другото, стоеше и дека последниот рок за склучување на договорот е 30 октомври. Известувањето збуни многу граѓани, но најмногу ги исплаши старите и изнемоштени лица. Дел од оваа категорија корисници на парно што живеат во станбената зграда број 1 на улицата „Веселин Маслеша“ мислеле дека уште викендов ќе останат без греење, бидејќи никој од нив се' уште не го склучил договорот. Дотолку повеќе што дистрибутерот на ова снабдување ги оставил известувањата во поштенските сандачиња наместо да заѕвони на врата и на луѓето да им објасни за што станува збор. Станарите се нашле затечени, бидејќи повеќето од нив не се во можност да одат до просториите на „Снабдување запад“, па се принудени да бараат помош од најблиските. Дел од испаничените станари се јавувале во „Топлификација“ за да дознаат дали навистина ќе бидат исклучени од системот.

Од „Снабдување запад“ смируваат дека такво нешто нема да им се случи на корисниците, но дека до Нова година сите ќе мораат да склучат нови договори со снабдувањата, бидејќи тие се практично нови субјекти штоп излегоа од АД „Топлификација“. Слични известувања за склучување нови договори имаат испратено и другите две претпријатија „Снабдување исток“ и „Снабдување центар“.

„Снабдување запад“ треба да склучи вакви договори со 15.000 граѓани со кои ќе ги дефинираат меѓусебните облигациони односи, односно правата и обврските.

„До Нова година ќе мора да завршиме со потпишувањето на договорите. Досега оваа обврска ја завршија 5.000 корисници. На сите им оставаме по два примерока од договорите и известување, а откако ќе ги разгледаат и ќе ги потпишат, можат или да ги испратат по пошта или да ги донесат во ’Снабдување запад‘ на улица ’Лондонска‘ во Тафталиџе. Оние, пак, што не се во можност да го сторат тоа, едноставно едноставно да се јават на телефонскиот број 3097-614 и наш вработен ќе дојде до нивниот стан да го земе договорот. Значи, не ги притискаме граѓаните да го потпишат договорот веднаш кога нашиот дистрибутер ќе дојде на врата“, вели Методија Стојчев, директор на „Снабдување запад“.

Снабдувачите со топлинска енергија велат дека граѓаните што нема да склучат нови договори, а користат топлинска енергија, автоматски ќе се смета дека прифатиле да бидат нивни корисници. Ќе се исклучуваат само оние што свесно ќе одбијат да потпишат договор, со што го кршат членот 16 од Правилникот за испорака на топлинска енергија. Во новите договори, меѓу другото, дефинирани се времето на испорака и квалитетот на топлинската енергија, на што граѓаните најмногу се жалат.


#
Статијата е прочитана 1058 пати.

Испрати коментар

Од: Magde
Датум: 03.11.2010 14:24:08
eeeee od poranesnoto iskustvo so topli fikacijata, ova vi se vika od suplivo vo prazno....demek tie sega podobro ke ne great, ke ni bide toplo vo stanovite i koga e nadvor samo 15 stepeni, hahahaha, velat srbite "lipsi magarce dok trava ne zazeleni" !!!
Од: Борче
Датум: 03.11.2010 15:33:10
Договорот што го дава АД Топлификација е едностран и на корисниците не им дозволува никаква можност за дополнување и било каква интервенција. Ова ми личи на ултиматум - „или ќе потпишеш или ќе те исклучиме.“

Најди! во Утрински
Скопје
Старите тополи се сечат за нов Цветен пазар
Гази Баба и Карпош слават роденден






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis