Број 3404  вторник, 12 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Македонија

Почит за спомениците е почит кон историјата

За обележјето на стреланите од Долени не се грижи институција, туку поединец

Иван Бојаџиски


ШТИП - Спомениците од НОБ се постојана цел на вандали. Боречката организација во Штип ќе ги обновува оштетените спомен-обележја, а локалната самоуправа е подготвена да инвестира во тој процес.

Како треба да се однесуваме кон луѓето, кои во антифашистичката борба ги дадоа своите животи за изградба на подобар свет? Пример за почитување на историјата е одржувањето на споменикот на стреланите селани од Долани, кој се наоѓа на патот Штип - Радовиш. Тоа не го прави институција, туку поединец, Ангел Митев, поранешен директор на штипската Млекарница, а сега пензионер. Неговиот татко, Крсто Мите,в е меѓу четворицата стрелани доланчани во 1944 година. Таму почиваат и браќата Станое и Методи Даневи, како и Ристо Стојков.

„Секој ден доаѓам на ова свето место и по којзнае кој пат се потсетувам на трагедијата на четворицата храбри доланчани, меѓу кои е и мојот татко. Ако не дојдам овде како да сум ги изневерил нивните очекувања од мене“, вели Ангел, кој повеќе од две децении се грижи за споменикот. Околината е уредена, и зеленилото, и дрвјата, и клупите.

„Во август 1944 година бугарските фашисти ги уапсиле браќата Даневи, мојот ��атко Крсто и нивниот другар и соборец Ристо. Врзани ги однеле во затворот во Штип. Татко ми претчувствувал дека фашистите ќе ги стрелаат. Затоа побарал од Ацо Чанак да им помогне на осумте малолетни деца ако го убијат“, ја раскажува Ангел приказната за непокорните од Долани.

На втори август четворката од штипскиот затвор била однесена во родното село. Фашистите имале намера веднаш да ги стрелаат. Но, селото имало слава за Илинден, па од страв да не се случи мешаница, ги сместиле во училиштето.

„Мојата сестра Николина ме однесе да го видам татко ми, а тој силно ме гушна и не сакаше да ме испушти од прегратка. Тогаш имав три години. Истиот ден Бугарите му дозволиле и на брат ми Мијалче да го види татко ми кој го советувал да ги однесе говедата на испаша на Балевица, над селото. Брат ми го послушал и во еден миг слушнал пукање. Кога се стрчал до местото од каде што доаѓале истрелите, видел дека сите четворица се мртви. Фашистите им пукале во глава за да не останат живи. Ние бевме во селото кога брат ми дотрча и почна да вика ‘Тате го утепаа‘. Сите се стрчавме кон местото на злосторството, сестрите плачеа“, се присетува Ангел на тешките моменти.

Тој вели дека Чанак, кој по војната станал познат судија, им помагал колку што можел. „Помагаше и државата со облека и со храна. Не останавме заборавени. Сите изучивме школи, станавме луѓе. Пет од шесте сестри се живи и двајцата браќа. Кај и да сме, на 3 август се собираме на споменикот кај Долани. Но, јас ја презедов грижата за споменикот и тоа ќе го правам се' до мојата смрт“, потенцира овој витален штипјанец.

„Ангел е пример за тоа како треба да се однесуваме кон местата на кои е испишана историјата. Во тоа време своите животи на фронтот ги положија 180 борци од Штип и Штипско. Од градот 83 првоборци и четворица народни херои: Ванчо Прќе, Славчо Стојменски, Михајло Апостолски и Љупчо Арсов. На сите боречката организација и општината им подигна обележја. Имињата на првоборците се вклесани во мермерните плочи на Споменикот на револуцијата на Исарот. Вандалите не мируваат и постојано ги уништуваат спомениците, особено последнава деценија. Но, Ангел Митев дава пример како да се однесуваме кон славното револуционерно минато и луѓето што загинаа за слободата, која ние ја уживаме“, вели Илија Ќосевски, претседател на Сојузот на борците во Штип.


#
Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.10.2010 12:59:03
Bez kompas i orijentacija denes samite si gi omalovazuvame "svetlite tradicii" i heroite koj cesno go polozija zivotot vo borbata protiv fasistickoto zlo. Namerno go staviv vo navodnici izrazot svetli tradicii, bidejki se potsmevame na toj izraz. Dodeka sekade vo svetot se neguvaat tie tradicii i se gordi sto ucestvuvale i dale pridones vo borbata protiv fasizmot, nie iako bevme na pobednickata strana, denes potpadnavme pod "vodstvo"na onie i nivnite potomci koj toa vreme nosea drugi uniformi. Zalno.
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 12.10.2010 14:50:42
Овој редок и хуман и патриотски гест можеше и да се очекува од А.Митев. Тоа е човекот, кого го знаев од пред 4-5 децении, од студентски дом. И кој, ни еднаш, за разлика од многумина, не побара (ако не побараш нема ни да добиеш) поинаков третман од нас, другите. Дури сега од написот разбрав дека татко му е загинат во НОБ.Скромност и човечност за секоја почит.
Од: јас
Датум: 12.10.2010 16:09:11
Истите штипјани како да се срамат од големиот број на народни херои , кои го дадоа својот живот за Македонија...Па прават панихиди и надгробни споменици на истите крвници од кои настрадаа народните херои
Од: Dimitar Vlahov
Датум: 12.10.2010 18:07:31
Na Angel Mitev dlaboka počit, deka ne e zabravil vistinskata duša na makedonskiot narod i na pripadnicite na našite malcinstva, koi se isto taka vklučili vo edna od najveličestvenite stranici na istoriijata na Država Makedonija. Neka e čestit praznikot na site dobronamerni gragjani na Makednonija, kade i da senaogjat.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 13.10.2010 05:09:35
Se ce bese ubavo,ako ne gi spomena:;Ljupco Arsov i Mihajlo Apostolski!

Најди! во Утрински
Македонија
Со пушачите, избега и заработката од локалите
„Џамбо“ на двонеделна пауза
Повторно земјотрес во Скопје






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia