Кафеанџиите ќе бараат попуштање на стегите за пушењето
Александрија Стевковска
Есенска пушачка револуција се подготвува во Македонија. Досега угостителите молчеа за целосната забрана за пушење во затворените простории, бидејќи гостите палеа цигара со кафе и по ручекот на терасите или бавчите. Сега, како што наближува 15 октомври, денот до кога се отворени летните тераси, кафеанџиите почнаа да се активираат и да смислуваат како да притиснат за менување на целосната забрана за пушење. На ова ги натера и ладното време, кое не дозволува да се доискористи ниту предвидениот рок за летните тераси, бидејќи посетителите, за да не смрзнат, со денови не седнуваат ни надвор. Оние што ќе седнат внатре, пак, а се пушачи, повеќе од половина време стојат надвор, на пушење. Тие се жалат дека забавата во градот, по воведување на целосната забрана за пушење, е замрена, бидејќи оние што излегуваат повеќе време поминуваат пред кафулињата и дискотеките отколку во нив.
Оние што не пушат, пак, велат законот е добар, бидејќи го штити нивното здравје, но ги штити и од забава, бидејќи нивните пријатели пушачи од потребата за цигара повеќе се надвор отколку онаму каде што би требало да бидат, односно онаму каде што е и забавата.
Угостителите тврдат дека не се во ситуација финансиски да преживеат уште една непушачка сезона како минатата зима, која им скрати дел од гостите, профитот, нивниот опстанок.
„Сезонава повторно го активиравме прашањето за менување на целосната забрана за пушење. За десетина дена ќе го формулираме моделот што ќе и' го предложиме на Владата. Тоа во никој случај не би било барање за целосно укинување на забраната за пушење, туку нејзино предефинирање и приспособување и на нашето работење, а формата би била со амандмани на законот. Сепак, не се надеваме дека ќе постигнеме многу, бидејќи Владата е затворена и не сака да преговара со нас за тоа прашање“, вели Феркан Бербери од Угостителско-туристичката комора при Сојузот на стопански комори.
Угостителите, најверојатно, ќе инсистираат на ланскиот предлог, во рамките на секој простор да се дозволи физички одвоен дел за пушачите, што би значело забраната да не важи за целиот објект. Тоа би им помогнало да ја пребродат зимата и не би ги принудувало да го намалуваат бројот на вработени, бран што го зафати овој сектор лани.
„Со забраната за пушење не можеме нормално да функционираме. Повеќето ќе дојдат во дискотеката и повеќе стојат надвор и пушат отколку што седат внатре. Просторот ми е празен цела ноќ, бидејќи лицата што доаѓаат во диско претежно се пушачи. Плус тоа, алкохолот бара и цигара, а тоа не е дозволено, па луѓето повеќе си прават дома журки, каде што можат да пушат, отколку да дојдат во диско. Со луѓето и цигарите, од локалите избега и заработката“, вели сопственик на дискотека.
Кафеанџиите тврдат дека и во текот на летната сезона имало намалување на прометот во затворените објекти поради забраната за пушење. Дури и официјалните статистички податоци покажуваат дека најголем пад во прометот, меѓу другото, е забележан во угостителството. Според статистиката, остварениот промет во угостителството во јуни 2010 година изнесувал 532 милиони денари и во споредба со истиот месец во 2009 година, кога не беше воведена забраната за пушење, прометот е намален за 9,4 проценти.
И додека угостителите реагираат поради намалениот промет, анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани го поддржуваат Законот за заштита од пушењето. Според мајското истражување на институтот „Димитрија Чуповски“,дури три четвртини од граѓаните на Македонија го поддржуваат Законот. Во анкетата, од вкупно 1.100 испитаници, 832 или 75,6 отсто се изјасниле дека му даваат целосна поддршка на Законот. (А.С.)
Ste bile vo Tetovo, Gostivar, Cair, itn,itn...?
Za koj zakon zboruvame? Kogo lazeme?
Од: Вераг
Датум: 12.10.2010 12:43:09
Ноќниот клуб " Балет " ги нема овие проблеми,таму се пуши без страв од казни. Велат дека е затоа што газда е братучед, чија сопруга е балерина. Чиј братучед, не мора са се објаснува. Јасно е !
Од: Трпе
Датум: 12.10.2010 13:35:18
па ако пушачите не одат во кафеана ке им остане поише пари, може да прошетаат во други држави каде е дозволено пушењето во кафеаните... Ако уште има такви во близина ????
Од: Do mangupot
Датум: 12.10.2010 13:37:12
A ti Vepar, ako si tolku mangup da pisuvas na internet deka se pusi vo Balet, sto ne si tolkav mangup golem i da dojdes i da zapalis cigara vo lokalot??? Cisto da vidis kako toa izgleda koga nekoj ke zapali cigara, ili vie ste mangupi samo vaka pozadi nekoj monitor ste jaki???
Од: Gjoko
Датум: 12.10.2010 14:08:05
A ste bile vie vo Bonimi sproti Soboren Hram? Pola vlada tamu odi na jadenje i pienje...i normalno, nisto ne plaka.
Од: Icko od Sk
Датум: 12.10.2010 14:55:32
100% podrska za zakonot, a kafandziite se zalat uste od koga vovedoa fiskalni kasi, nema veke gotovina. Pa samo pusaci li odat vo kafeana?
Од: "stalen gostin"
Датум: 12.10.2010 16:53:24
abe sve mangupi ovde, aj za pusenje vnatre moze i ne se pushi, ama siguren sum deka i pokraj dozvola za rabota do 04h rabotite i do 06h (sum sedel lichno)...kako e toa mozno, a mangup?
Од: dragan
Датум: 12.10.2010 17:15:20
obavezno da ima zakon,se sekavam koga i taksisitite si pusea vo svoite vozila,uzas...restoran ili kaffe vo koe se pusi veke ne e mesto za razonoda tuku javna trujacnica.
Од: зозик
Датум: 12.10.2010 23:09:39
Не се само угостителите во Македонија зафатени со овој проблем. И во многу други земји во сила е овој закон. Но угостителите прават поинакви напори да ги донесат гостите во објектите. Не чекаат гостите едноставно да дојдат и да ги служат. Ако има проблем, се гледа да се надмине со друго решение, а не со борба против власта и донесените закони кој важат секаде исто во светот.
И јас сум угостител, па ги почитувам овдешните закони. Но не ми е забрането како да најдам начин да ги донесам гостите. Забраната за пушење дава мотив за развивање на други идеи.
Од: igor
Датум: 13.10.2010 04:13:41
MAKEDOSKA RABOTA!!!! pa duri i nashava vlada,slushnala na zapad prekin na pushenje pa i oni,samo ne doslusnale deka vakov zakon se spoveduva postepeno, na primer vo avstralija pred 6 godini se donese toj zakon ali prvite 3 godini beshe dozvoleno 50% vo sekoj lokal da se pushi,so najava deka vo slednite 3 godini 100%kje se zabrani,da im dade vreme na lokalite da razmislat koj prostor kje im bide za pushaci a koj ne,ali ova nasha vlada sto mislev kje bide poefektivna od komunjarite,padna na ispit ne samo za ovoj zakon!!!!
Од: Petar
Датум: 13.10.2010 09:52:24
A ste bile vo Kamenica i okolnite sela, da vidite koj zakon funkcionira?