Венчавки
Битола како Верона
„Битола да стане светска дестинација за венчавки по примерот на италијанскиот град Верона и со тоа да ја прошири својата туристичка промоција и да привлече нови гости од цел свет. Ваква иницијатива покренува првото македонско специјализирано онлајн списание „Мојата свадба.com“, кој викендов се промовираше на битолски Широк сокак.
Главна цел на првиот македонски портал за култура на венчавки е да поттикне високостилски венчавки, кои одат многу чекори понатаму од масовната традиција на венчавки на овие простори и во својата програма вклучуваат многу уметност, култура и атракции.
|