Тамара Тодевска „Гран-при“ во Бања Лука
Овој викенд Тамара Тодевска ги освои ловориките на првиот интернационален избор на поп-изведувачи наречен „Европа пее“, што прв пат се одржа на тврдината Кастел во Бања Лука.
Тамара за конкуренција ги имаше претставниците од Хрватска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бугарија, Литванија, Полска и од Бугарија, но беше доминантна во интерпретацијата.
Инаку, сите пејачи на „Европа пее“ изведоа по две песни - една своја и една странска. Тамара својот избор го ограничи на „Ти давам се“ од Калиопи и Димитров и една од својата миленичка Алиша Кис. |