Кели Брук
Бај, бај топлес
Поранешниот топ-модел Кели Брук, позната по своите прекрасни облини и разголени фотографии, веќе нема да ги покажува преубавите гради. Кели изјави дека заврши ерата на нејзиното сончање во топлес, а затоа е заслужно нејзиното момче , рагби-играчот Дени Кирпијани, кој не може да поднесе неговата девојка постојано да ги покажува градите, да кокетира со фотографите и рефлекторите. Работата уште потешко ја поднесе бидејќи „малечкиот“ има само 21 година, 8 години помалку од неа.
„Дени не сака што постојано не' следат папараци и јас тоа ќе го почитувам“, објасни Кели за „Ред магазин“.
Тоа веројатно ќе трае додека бидат заедно. Потоа – се' по старо. |