Седум прилепски села немаат исправна вода за пиење
Медицински експерти предупредуваат на опасност од цревни заразни болести
Моника Талеска
ПРИЛЕП - Обилните дождови оваа пролет и со години нерешените комунални проблеми во руралните средини во Прилепско и во Долненско се причина што и во 21 век жителите се соочуваат со проблемот на неисправна вода за пиење. Од прилепскиот Центар за јавно здравје соопштуваат дека оваа состојба е вообичаена по обилни дождови, а на жителите им препорачуваат превентивно да ја преваруваат водата за пиење. Доколку не се почитуваат препораките на медицинските стручњаци, тогаш не е исклучена опасноста од цревни заразни болести.
Надлежните во Одделот за хигиена сметаат дека проблемот е решлив со изградба на водоводи во сите села, кои редовно ќе ги одржуваат претпријатија. Само така водата ќе биде хемиски и бактериолошки исправна.
Анализите на надлежните во Центарот за јавно здравје направени во првите три месеци од годинава потврдуваат дека жителите на четири села во Општина Прилеп не само што се соочуваат со проблемот на недостиг од вода за пиење туку и водата што ја користат од локалните водоводи, селски бунари и чешми е неисправна.
„Водата од бунарите и изворите во селата Мало Рувци, Пашино Рувци, Чумово и Прилепец е бактериолошки неисправна. Веднаш ја информиравме и Општината, но и Дирекцијата за храна. На жителите им се препорачува водата што ја користат од индивидуалните и од локалните објекти да ја преваруваат пред употреба најмалку десет минути“, вели д-р Петар Оханесјан, раководител на службата по Хигиена во прилепскиот Центар за јавно здравје.
Истиот проблем го имаат и жителите од неколку села во Општина Долнени. „Повремено бактериолошки неисправна вода за пиење има во селата каде што не се врши хлорирање. Таков е случајот во Дреновци, Браилово и Горно Село“, додава д-р Оханесјан.
Иако состојбата не е алармантна, медицинските стручњаци посочуваат на опасноста од појава на цревни заразни болести, доколку не се преземат соодветни превентивни мерки.
„Ако бактериолошки неисправна вода се употреби без претходно превривање, може да предизвика одредени заразни заболувања. Меѓутоа, не можеме да направиме корелација на појавата на цревни заразни заболувања со неисправноста на водата за пиење. Ова од причини што немаме интензивно зголемување на бројот на заразни заболувања, ниту има некој пријавен случај“, објаснува д-р Оханесјан.
Медицинските стручњаци им препорачуваат и на двете општини и на јавните комунални претпријатија да ги преземат што поскоро технички во владение тие водоснабдителни објекти. Така ќе може да вршат редовна превентивна дезинфекција на водата.
Центарот за јавно здравје редовно ја контролира водата за пиење и во Општина Крушево. „Анализите на примероците вода од Крушево одвреме-навреме покажуваат недостаток или помали количества хлор. Но, тоа не е никаков проблем. Водата е целосно безбедна и здравствено исправна. Сите примероци земени од градските водоводи во Прилеп и во Македонски Брод се негативни, значи не се откриени никакви недостатоци во водата“, велат во Центарот за јавно здравје. Надлежните во Центарот се надеваат дека проблемот во прилепските села ќе биде решен во догледно време. Ова затоа што и од прилепската локална самоуправа добиле ветувања дека јавното претпријатие прави напори, водоснабдителните објекти во овие рурални средини да ги земе под своја контрола.
Вода немаат ама затоа пак го имаат Марјан Ристески за градоначалник. Човекот може и не знае за проблемот? Треба да го сфатите, 5 год. откако е градоначалник не е завртен во државава. Америка, Австралија, Германија, Белгија, Полска... Турција, Грција и Бугарија не ги споменувам оти тие му се како “добро утро“. Вчера се врати од Италија каде беше заедно со братучед му Џекчето и со шефицата на кабинетот Ана. Во која улога беше таа? Хммм.... Кога нема идеи, одма заминува со некого да се збратимува. Тој не сакал, ама оние од ЕУ го терале! Не ми е криво оти лажеш, криво ми е што мислиш дека ти веруваме.Додека тој шета, Прилеп остана без СВР, без УЈП а за скоро и без Тутунски, Градска болница... Ама затоа му е погоден опозициониот СДСМ, небаре тој кадровски го екипирал!!! Прилеп е навистина единствена дестинација, да ти мерак под итно фит-фиделија да фатиш. Заради таквите како Марјанчо наш, се извинувам, ваш!
Од: mene
Датум: 12.05.2010 08:36:03
ne samo selata. so ogled na toa kako ja srabotija rekonstrukcijata i gradot ce ostane bez ispravna voda .Proektot zavrsi, parite se podelija, a od pompezno najavenata rekonstrikcija samo cwesti prekini vo vodosnabduvawrto namlen pritisok i propadnati ulici
Од: јас
Датум: 12.05.2010 10:28:37
Да те надополнам Flaster city !! Мајранчо наш ,бега од Прилеп зошто не може веќе да го гледа ваков градот !!! Па ги раскопа сите улици , дупка до дупка , како сојузниците што бомбардираа во 2ра Св. Војна, а не мисли ништо да асвалтира ...Ги испосече сите дрва што може да се исечат во градот ( си ги товари некој и никому ништо ) , Ги раскопа сите фонтани ...Го раскопа паркот кај Судот и направи жабокречина , од која летоска ќе крекаат жаби и касаат комарци ...Иста таква ќе прави пред една зграда во нас.Димо Наредникот ( каде веќе е ископана голема дупка како за базен , каде пред тоа си играа децата)..Има уште еден куп глупости направено ..Затоа бега ( а можеби и си бара дестинација каде ќе ја кидне со парите после мандатот )...