Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Шекеранци ќе враќаат пари на газдите

БИТОЛА - Дваесет и петмина штрајкувачи од битолската Шеќерана кои беа отпуштени од работа треба да и' вратат на фабриката по 23 илјади денари за придонесите што им биле исплаќани за време на штрајкот. Вака пресуди судот во Битола откако претходно, одлучувајќи по тужба на бугарските газди, го прогласи работничкиот штрајкот за нелегитимен.

,,Судот го одби барањето на 25 лица за враќање во фабриката. Згора на тоа, судот донесе скандалозна одлука, ние, избрканите, да и' вратиме на фабриката по околу 400 евра за придонеси што биле плаќани додека штрајкувавме, а не земавме плата. Се прашуваме која голема ѕверка стои зад овие пресуди“, револтирано вели Пеце Милошевски, еден од избрканите работници.

Стотина вработени во Шеќераната лани со месеци штрајкуваа барајќи повисока плата и подобри услови за работење. Работниците со бугарските газди не постигнаа компромис, а судот во Битола одлучи во корист на работодавците.

„Бугарските газди не сакаа преговори, а сега бараат да им ги вратам парите на фабриката. Значи, да земам од уста на моите деца. А како кога сум на товар на Бирото за вработување и земам 4.000 денари месечно“, се жали Александар Давидовски, еден од избрканите. (А.Б.)




#
Статијата е прочитана 428 пати.

Испрати коментар

Од: Боре
Датум: 12.05.2010 00:51:35
Е наздравје битолчани! Стално последни ви текнува.
Од: bitolcanec
Датум: 12.05.2010 08:37:19
A za vreme od 6 meseci koga bevte zdravstveno i socijalno osigurani i zemavte boleduvanja na smeni site sto strajkuvavte i rabotevte na drugi mesta, DOBRO VI BESE? Kade se videlo vo svetot strajk od 6 meseci a fabrikata redovno da proizveduva !!!! BOLNA RABOTA. SEGA KRIVI VI SE SITE.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 12.05.2010 09:23:15
Еееее е тоа може само во нажите Македонски судови да се досуди-незнам дали во пресудата не ќе има клаузула предходно газдите на Ф-ка за шеќер да им дадат заем на избрканите работници со кој ќе можат да ја одплатат направенат штета кон фабриката.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 12.05.2010 13:29:12
Ние сме „најслободната“земја во светот,уникум држава,каде не е дозволено ниту да протестирате,ниту да го изразите на било каков друг начин незадоволството!Сè е средено,уште пред да настане проблемот!Наскоро кога ќе тепаат, нема да смееме ниту да плачеме!

Најди! во Утрински
Македонија
Девет зони во Пелагонија, каде се инвеститорите?
Седум прилепски села немаат исправна вода за пиење