Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Писма
Ќе има ли одговорност за трошењата во Транспорт

Елизабета Атанасова


Можеме да слушнеме како опозицијата секојдневно ја обвинува власта за несовесно трошење на државните пари. Можеме да видиме како се поднесуваат постапки за гласање недоверба на министрите за транспорт и врски, за правда и за внатрешни работи. Владејачката партија не' убедуваше дека нема никакво незаконско трошење на државните средства или некој незаконитости во министерствата. Дури може да се каже дека и не' убеди затоа што досега на ниту еден министер не му беше изгласана недоверба. Опозицијата вели дека ревизорските извештаи покажуваат одредени криминални малверзации и незаконско трошење на државните пари, а власта нормално го демантираше тоа.

Како човек кој може да се каже дека е непартиски определен, ама има свои одредени политички ставови, не им верував ниту на власта ниту на опозицијата. Па, решив сам да ја проверам работата. Решив да ја отворам страницата на Заводот за ревизија и да ги побарам оние податоци што ги извади опозицијата, а ги демантираше власта.

Кога ја отворив страницата и кога почнав да чепкам во извештаите за секое министерство поединечно, се изненадив. Министерството за транспорт и врски, според извештаите на Заводот за ревизија, незаконски исплатило средства за авторски договори во износ од 565.000 денари, исто така, се извршени спорни исплати за набавка на разни стоки во износ од 30.520.000 денари. Се изненадив и кога видов во извештајот за Владата дека за оваа година планираните расходи се 75 отсто за стоки и услуги, 13 отсто за плати и надоместоци, 11 отсто за субвенции и трансфери, 1 отсто капитални расходи и 0 отсто тековни резерви. За глава да се фати човек.

Кога ќе видиш опозицијата имала право кога обвинувала за одредени незаконски исплати и префрлување средства од буџетот. Но, кој да и' верува. Најпаметно е сам да се увериш во некои работи. Искрено кажано, да го слушнев ова од некој член или функционер на опозицијата, немаше да верувам, ��ислејќи дека како опозиција обвинуваат без никаква причина и аргументи. Но, кога сам ќе го видиш и прочиташ тоа, тогаш мора да веруваш.

Се прашувам кој ќе одговара за незаконското исплаќање и трошење на државните пари во Министерството за транспорт. За незаконски потрошените 11 милиони, според извештајот на Заводот, во тоа министерство некој мора да понесе одговорност. Изгледа дека министерот сериозно го сфатил својот ресор, па ги трошел парите со врски. Парите на граѓаните мора да бидат трошени за проекти што се од интерес на граѓаните, чии пари се во буџетот, а секој што ќе сака на незаконски начин да ги искористи парите на граѓаните мора да се соочи со соодветните последици. Можеби Собранието не може да му изгласа недоверба на министерот, бидејќи неговата партија има мнозинство, но партијата не може да му помогне кога народот ќе реши да му изгласа недоверба, тогаш нема враќање назад и нема нова шанса.

Се чудам и за една друга работа. Па, нели Владата беше таа која немаше да го толерира криминалот и корупцијата во државата, особено во своите редови? Се поставува логичко прашање зошто Владата не почне да ги апси и разрешува корупциските скандали што излегуваат директно од нивните колеги-министри. Како што би рекол премиерот, тој е граѓанин и еднаков како и другите и по неговата функција тој сака да остане со чист образ за да може да му верува народот. Се прашувам со каков образ ќе излезе премиерот со дамката што му ја фрла министерот за транспорт, а ништо зад него не застануваат ни другите министри? Или никој во Владата нема образ.

#
Статијата е прочитана 723 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 30.04.2010 01:14:11
Ostajte go Mile na raat, deteto poima nema na koja planeta se transportiral. Kako ke mu kazat taka potpisuva. Nisto novo. Nego sto stana so Zingo i Zletovica. Ili Mile e sega pointeresen. Od Mile ima 100pati poopasni, zatoa rekov ostajte go Mile ne e biten. Barajte gi bitnite, i za niv pisuvajte poveke. Od niv treba da se pocne, ne od Mile i pazarot vo Sutka.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 30.04.2010 07:39:25
Најбрзо од сите Дамите од Владата ќе седнат на црната клупа од судот., можеби само да биде пред нив младото Девојче од Агенцијата за државни патишта.
Од: kole
Датум: 30.04.2010 08:27:04
Дури е Грујица....НЕ...............
Од: veslac
Датум: 30.04.2010 09:08:33
Za cela ovaa rabota e kriv Cacko. Samo do koga ke ima strizenje i budzetot prazen. Se povtoruva staroto pravilo na drzavnite apasi deka ja zloupotrebile sluzbenata polozba i nikomu nisto. Se dodeka e toa taka i ne se ozezi nekoj od tie apasi i so kamati go vrati ukradenoto ke ima vakvi raboti.
Од: teknuvalo
Датум: 30.04.2010 09:54:07
Шо знај дете шо е 200 кила , ги зема и ги носи !

Најди! во Утрински
Писма
Симулација за самоуништување