Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Писма
Симулација за самоуништување

Тихомир Спасовски, Скопје


Симулација на процесот наречен себеуништување! За да го напишам ова писмо, бев испровоциран од еден настан што се случи деновиве и силно ме вознемири. Имено, на една наша телевизија нашите добропознати „експерти“ направија симулација преку која се обидоа да ни прикажат како би изгледал еден преговарачки процес меѓу Македонија и Грција. Еден од тие експерти, како што можеше да се претпостави, беше Љубомир Фрчкоски. Она што го видов на таа симулација ме доведе до застрашувачка констатација дека опасните антидржавни елементи метастазирале длабоко во кревкото македонско општество и се борат да го уништат со сите сили. Зборовите на овие луѓе што се обидоа да ги поткопаат дрско и безобразно преговарачките позиции на Македонија пред целата македонска јавност, како и повеќепати досега, ги потврдија моите сомнежи. Фрчкоски и неговите сопартијци од опозициската СДСМ, водени од мотиви што им се познати само на нив, не избираат средства во борбата за туѓите, грчки интереси. Тоа ми го наметна прашањето: што е она што еден Македонец може да го натера да му го заврти грбот на сопствениот народ и да води битка за интересите на земја која негира се' што е македонско?

Бев згрозен кога видов како истиот тој Фрчкоски даваше сугестии за тоа кое би било новото име на нашата земја, па се дрзна дури да зборува и за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Па, нели до вчера истите тие политичари и експерти на СДСМ не' убедуваа дека јазикот и идентитетот не се дел од преговарачкиот процес? Дали мислат дека македонскиот народ има доживеано колективна амнезија или, пак, има слаба меморија? Зар мислат дека ние, граѓаните, не ги паметиме нивните лаги? Па, само пред еден-два дена, либералот Ивон Величковски, кој е дел од коалицијата со СДСМ, се обиде повторно да ја рашири тезата дека во овој процес не се разговара за промена на името, туку само за привремената референца БЈРМ. Тогаш, кој му е мотивот на Фрчкос��и да говори за македонскиот идентитет и за јазикот? Всушност, каква цел има СДСМ, кој на прес-конференција изјави дека нема да излезе на референдум за името? Дали со тоа ќе станат дел од заедничката игра со Албанците да не успее референдумот и со тоа да биде сменето вековното име Македонија?


#
Статијата е прочитана 1086 пати.

Испрати коментар

Од: Жарко,Ресен
Датум: 30.04.2010 00:44:50
Истите фрази,истите зборови,истите констатации,како еден човек да ви ги пишува сите ваши портокалови писма.Да се надеваме дека она што го кажа Фрчковски може да го испреговараме затоа што тоа можеби е најдобриот предлог досега.А ако продолжиме со нашите тврдоглави позиции убеден сум дека ќе ни се удри од глава.Јас мислам дека треба сериозно да ги сфатиме пораките од меѓународната заедница.Ова нашето ми изгледа како удирање со глава во ѕид.
Од: tra -la- la
Датум: 30.04.2010 00:49:31
Историјата за жал се повторува! Од вакви предавници пак ли да си ја изгубиме државата.Една држава имаме, алооо каде ќе одиме, па свестете се што правите! Доста е од вакви ОТПОР!!!!!!!!
Од: jovan
Датум: 30.04.2010 01:08:59
Ako nekogo go Stimuliraat Simulacii, ostajte go neka se Stimulira.Sto se zamarate so gluposti. Poveke samo im pridavame znacenie, a i se maltretirame bezpotrebno so prazni muabeti, zgora na se pa eve i kucam i tupam mozok tuka radi niv(a i drugi garant). Batalete gi, i da gledame zvanicnata drzavna politika da si ja podrzime, i tamu ako moze nekoj doprinos da dademe, pa makar i vaka so strakanje po tastaturive. Kakva ni e, takva ni e ovaa Vlada,no okolu ovoj problem mora da gi podrzime i da im pomogneme, a za kritikuvanjata neka ne ni zameraat, i tie se dobronamerni.
Од: nekoj
Датум: 30.04.2010 01:51:10
G. se voznemiril zato sto nekoj imal poinakvo mislenje od nego i namesto da odi vo apteka da zeme lek, resil da napise pismo. Ova e uste eden nacin za osloboduvanje na stresot vo nedostatok na lekovi po aptekite :) Ako vidite komsijata deka posadil rozi mesto lalinja, a vie ne sakate rozi, slobodno udrete mu nekolku kloci. Se poveke mislam deka ne ste za vo Evropa, voophto, ni najmalku...ne, ne, ne..Prekintete gi pregovorite. Jas sum da se prekinat pregovorite.
Од: Petre Krivcevski
Датум: 30.04.2010 02:36:15
Од вакви симуланти и фолиранти до „вартбурзи“ и „трабанти“! Ех, па вие, се видело ли жито без какол ем земја без сребољупци? Ништо посебно, ништо спектакуларно. Напротив, веќе видено и искусено. Едноставно, нејќам кажам - морам речам. Навистина каде што бургија не вртела парата лом правела. Ама, велам, тоа не е отсега ниту ќе заврши со разноразните „фрчолини“, „експертутки“ и сл. на нив гниди и шумски ѕверки.
Од: весна
Датум: 30.04.2010 04:15:25
па почитуван господине згрозен од експертот - јас морам да ви реплицирам на изјавата со една моја изјава која верувале вие или не, сакале ја прифателе или пак не и продолжеле да живеете со со својата фикција, сепак звучи вака... Јас не само што сум згрозена од преговарачкиот процес кој ВМРО - ДПМНЕ до вчера тврдеше дека го спроведува, што значи не го ни почна не го ни заврши само го потроши скапоценото време и трпеливост на граѓаните, туку сум и засрамена од нивната неспособност, од нивната бесрамна лага и манипулација со македонскиот граѓанин, згрозена сум од бегањето од одговорност на оние најодговорните и префрлената на народот топка - е токму тоа е реалната слика во македонија господине згрозен, од која вие треба да се грозите, а не бесцелно да пишувате квзи -комични текстови и да ги бележите луѓето на простачки начин
Од: ekspert
Датум: 30.04.2010 09:38:15
Прво експертите кои што беа на телевизија ја донесоа Република Македонија до самостојна држава додека цела Југославија гореше. Експертите ја зачленија Македонија во повеќето меќународни институции дал по име дал по рефенренца. Имено не сте ја гледале добро Симулацијата, Фрчковски даваше објаснување како е до сега заведена Македонија во сите меѓународни документи и организации. Инаку точно е тоа дека името не е дел од преговорите туку референцата и фрчко збореше одосно читаше официјални документи на советот за безбедност итн.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 09:46:58
Во текстот има една грешка кога тврдите да виножитните преку својот симулатор работат против земјата од само нив познати причини,Напротив причините се добро познати на јавноста.Преку синдромот,,чергиче за бришење нозе,, се надеваат со здружени сили од Брисел да ги соборат овие ,,тврдоглавиве,, од власт.Единствен проблем им е како да го совладаат паничниот страв од предвремени избори.Сепак знаат да на власт се доаѓа само со избори а не преку улица како што заговараше нивниот симулант.
Од: Prestimuliran
Датум: 30.04.2010 09:57:44
Do ovaj "epten prestimuliran" Tihomir, tolku mnogu sto dobil "orgazam " na izliv na nekakov patriotizam icuvstvo na gadenje kon ucsnicite na taa "stimulacija": Pa sto mislis dragi Tihomire , dali mislis deka problemite treba da se resavaat so razgovori,razmena na mislenja ( koi sekogas ne moraat i da se prifacaat) ili so centralni proslavi na plostadot so paradi i glorifikatorski govori , za nekakvi si uspesi, dodeka Tatkovinata ni propadja,se pustosi, a grupa na nesposobni mangupi,srednoskolci i priuceni na " livadarski fakulteti" si pravat ekerimenti i se igraad so sudbinata na Makedonija?
Од: јас
Датум: 30.04.2010 10:44:45
Па г-дине , вашиот водач ( фирерчето ) 4 години ни велеше дека навистина преговара , а во стварноста тоа да ти биле само обично симулирање дека преговара !!!
Од: asen
Датум: 30.04.2010 11:46:05
Do koga brakja etnicki Makedonci sakate so kradena istorija ilazen anticki icentitet da prisvojuvate tugji iminja?Do koga zaradi izmislenite mitovi ke ja turkate drzavata vo propast?Zarem ne gledate deka cel svet im dava za pravo na grckite argumenti?
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 30.04.2010 12:33:51
А,значи тој бил човекот што го занеме „Великиот“Неделко,потомокот на непомалиот од него Аце,па мораше така итно да го прекине интервјуто!Водителот против кого„Торбешката телевизија“постојано го „прозивала“и се обидувала да го направи помал новинар,од „патриотската“големина која тој ја заслужувал?!А,колку што забележав,на водителчето Миленко најмногу му Пречеше идејата за СлавоМакедонија,која воопшто не беше спомната во емисијата!Се прашувам, што ли е тогаш и на кој јазик говори?Дали,со јазикот на кој говори,се разбира,и дали има сличности,со останатите Словенски Народи?Се надевам дека и „згрозеноста“на авторот на писмово и„опасноста“за неговиот идентитет,не се поттикнати од серијалот „Антички Македонци“!На сајтот на „прекрасниот“водител отворено се пропагира Закана кон Симулираната Преговарачка Визија,во истиот Нацистички манир:Секој кој не размислува со „нашата“Празна глава, „и клетвата и раката ќе го стигне“,па дури и за нивните „истополни сексуални партнери од дипломатскиот кор“!?
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 30.04.2010 14:17:26
Начинот на кој се однесува овој наш фамозен ПРЕМИЕР во многу нешта личи и ме потсеќа на неговиот ментор ЉУБЧО,но уште повеќе ме потсеќа на еден прилепски екс директор на голема фирма,кој за оние кои својата неспособност за да завршат некоја работа секогаш бараа некоја жртва да обвинат користеше една вулгарна изрека дека едно им е тесно,а на друго маана му најдуваат.На ГРУЕВСКИ и неговото стадо секој им е виновен само не тој и неговите истомисленици. А ЗАМИСЛЕТЕ ВЛАСТА Е КАЈ НИВ ОД„ А ДО Ш„ што би рекол народот стапот е кај нив.Но тие стапот го користат за да го тепаат сопствениот намачен и сиромашен народ.

Најди! во Утрински
Писма
Ќе има ли одговорност за трошењата во Транспорт