Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
На прво место

Снимка за Црвенковски, филм за Груевски

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја достави до Кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, снимката од дебатата за случајот „Надеж“, во која професорката Ана Павловска-Данева, член на раководството на СДСМ, го споменува словенечкиот премиер Борут Пахор. Од СДСМ возвратија со „подарок“ за премиерот Никола Груевски - филмот „Големиот диктатор“ со Чарли Чаплин. „Верувам дека премиерот Груевски ќе го гледа филмот со особено внимание“, забележа опозицискиот портпарол Емилијан Станковиќ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичик��иски, кој ја достави снимката кај Црвенковски, пак, посочи дека Данева прва го спомнала словенечкиот премиер. „Ниту еден медиум ниту една друга политичка партија не го спомна господинот Пахор пред тоа да го направи вашиот претседател на Централниот одбор. Господине Црвенковски, ако навистина стоите зад извинувањето упатено до Пахор и ако навистина ви значат добрите односи меѓу двете држави, треба да се оградите од нејзината изјава, да ја разрешите или да побарате нејзина оставка“, рече Бичиклиски.

Станковиќ одговори дека настапот на Данева бил одличен и во целосна координација со ставовите на СДСМ. „Жално е што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, за што се платени со народни пари, се занимаваат со организирање пародии“, рече Станковиќ. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1720 пати.

Испрати коментар

Од: Gaius Cæsar Nero Claudius Augustus Anima Curatio Populi Maximus Stupidus
Датум: 18.11.2010 15:29:26
Јас не се грижам...и онака целата држава ни наликува на лошо изрежирана кич-пародија!Како во МРТВ да ја правеле!
Од: јас
Датум: 18.11.2010 17:04:38
Како филмот , премиере ?!
Од: Kalimero
Датум: 18.11.2010 17:48:05
Premierot si go znae fimot na pamet, dzabe SDSM mu go ispraka. Samo sto filmot e komedija, a ovoa nasto e tragedija. Za Pastirot samo pozitivno oti on ne dovede do ovaa deredze, da unistuva se pred sebe. Kako javacite na Apokalipsata se batkite od DPMNE
Од: Bitolcanec
Датум: 19.11.2010 02:14:23
Kako sto od sekoe drvo svirce ne se pravi,taka i od SDSM politicka partija NE BIDUVA!!!Ova poveke lici kako sojuz na Anarhisti nego na nekoj si politicari!Kako ovie kuge se najgoloema opoziciona partija,toa e edna golema enigma!?

Најди! во Утрински
На прво место
Ново досие
Судиите ќе го преиспитаат притворот
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region