Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Скопје

В четврток стасува примерок од украинските автобуси?

Во Скопје з��дутре се очекува да стаса примерок од украинските автобуси на компанијата „Лаз“, која има обврска до крајот на годинава да ја испорача првата тура 15 автобуси од вкупно 84 договорени со владината набавка. Автобусот што ќе стаса треба да биде подложен на испитувања од страна на Машинскиот факултет. Во меѓувреме, според најавите, во завршна фаза е и хомологацијата на автобусите што се врши во Германија.

И покрај тековните постапки, се' поизвесно е дека производителот нема да ја испочитува обврската согласно со договорот, 15 автобуси да почнат да возат по скопските улици најдоцна до 31 декември. Ниту од ЈСП „Скопје“, ниту, пак, од Бирото за метрологија и други институции инволвирани во проектот не сакаат официјално да ги коментираат случувањата и да прогнозираат дали и кога воопшто Украинците ќе ги испорачаат автобусите. Без коментар е и претставничката од „Лаз“, која веќе неколку дена престојува во Скопје.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е потписник на владината набавка, неодамна единствено посочи дека во случај на доцнење со испораката производителот ќе плаќа пенали. Не кажа во кој случај договорот со компанијата евентуално би бил раскинат. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1256 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се урива печатницата „Гоце Делчев“
Меморијалниот центар на Евреите се отвора во март
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks