Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Скопје

Меморијалниот центар на Евреите се отвора во март

Симболично, со поставување урни на олтарот, Македонија ќе се прости од 7.200 сограѓани убиени во Треблинка

Сања Наумовска


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите ќе се отвори во март идната година, во некогашното Еврејско Маало. Симболично, на денот на отворањето, со поставување урни на олтарот во центарот, Македонија ќе се прости од 7.200 свои сограѓани што беа убиени во нацистичкиот логор Треблинка. Точниот датум на отворањето на музејот не е прецизиран, но извесно е дека ќе се поврзе со годишнината од депортацијата на Евреите од скопскиот монопол, 11 март.

Меморијалниот центар во Скопје е трет во светот по веќе изградените во Тел Авив и во Вашингтон. Реализацијата на проектот започна пред повеќе од две години, а финансиите се обезбедени од денационализацијата на имотите на Евреите што го завршија животот во Треблинка и немаат правни наследници. Целиот објект се состои од неколку целини, меморијален дел и деловен комплекс објект во кој ќе функционира повеќенаменски арт-центар.

Во Меморијалниот центар во завршна фаза е подготовката на музејот со скулптури што ќе го симболизираат одведувањето на Евреите од Македонија. Тоа се метални скулптури со дигитални рамки што ќе содржат имиња и податоци за сите што го завршија својот живот во Треблинка. На првиот кат од центарот е планирана посебна поставка, која по 2013 година ќе се користи како специјална егзибиција за Битола и Штип.

„Во приземјето на музејот централно место ќе зазема олтарот, на кој со поставувањето на урните со пепел, македонската држава официјално ќе ги погребе Евреите убиени во холокаустот“, вели Панде Лазаревски, заменик-претседател на Управниот одбор на Фондот, што според него, е момент од исклучително значење за Македонија и за еврејската заедница.

Музејот во иднина ќе се надоградува со различни артефакти, пишани и филмувани материјали што зборуваат за настаните врзани за холокаустот. Целта е со своите содржини да зборува и да опоменува за последиците од верската, расната и националната нетрпеливост.

Вкупната површина на објектот е околу 5.000 квадратни метри, со две подземни нивоа и паркинг за 120 возила.

„Забрзано се работи и на фасадата и на ентериерот. Веќе се поставени стаклата на фасадата, како и носачите на кои ќе стојат мермерните плочи. Пробиена е и влезната партија и пристапната улица, обезбеден е приклучок за електрична енергија и распишана е јавна набавка за генератор“, вели Лилјана Мизрахи, претседател на Управниот одбор на Фондот.

На вториот кат од центарот, во 2012 година ќе биде отворен и детски музеј, кој ќе ја има основна едукативна функција. На пристапен начин на најмладите ќе им се објасни што, всушност, значи холокаустот, во кој огромен број деца го загубија животот и како во иднина да не се повторат слични настани. Во 2013 година, планираат од Фондот, ќе се заокружат сите содржини од Меморијалниот центар и со тоа ќе се обележи 70-годишнината од депортацијата на македонските Евреи.

„Содржините што се планирани и бројот на артефактите собирани од сите страни на светот, засега се доволни за отворање на Меморијалниот центар. Сепак, како и кај сите музеи, можност за промени, проширувања и надоградување се' уште има, па истражувањето и прибирањето докази, пишани и филмувани материјали и фотографии ќе продолжи и во иднина“, вели Мизрахи.

Таа информира дека во септември минатата година во Израел е потпишан и меморандум за соработка со меморијалниот центар „Јад Вашем“, од каде што Фондот има голема поддршка. Во октомври 2009 година е промовиран и Меѓународниот консултативен совет, со кој претседава рабинот Ендрју Бејкер, преку кој му се отвораат вратите на Фондот пред светските институции што нудат помош и соработка во обезбедувањето на артефакти што сведочат за холокаустот на македонските Евреи.


#
Статијата е прочитана 1140 пати.

Испрати коментар

Од: neznam
Датум: 21.12.2010 12:40:23
Od Makedonija bea "istrebeni" 98% od Evreite koi ziveea vo nea. Svetski CRN rekord !
Од: Dimitar Vlahov
Датум: 21.12.2010 22:05:38
Konečno nasšite sogragjani dobija zasluženiot Memorialniot centar. Neka e večna slava i da gi pomnime našite sogragjani-žertvite na Holokaustot. Se nadevam, deka Memorialniot centar ke razhvije potrebnata istražuvačka aktivnost i ke bide regionalen centar po ovo krupno prašanje. Isto taka, neka od vreme na vreme, " Utrinskiot vesnik " drugitemedijumi da počesto objavuvaat statii za napredok vo izgradbata na Memorialniot centar, oti do sega vo našite mediumi e mnogo malko prozboreno za ovaa tema.
Од: antika
Датум: 22.12.2010 07:34:26
pocit kon zrtvite samo sakam da bide jasno koj gi deportira nasite sogragani vo logorite na smrtta-nasite istocni sosedi

Најди! во Утрински
Скопје
Се урива печатницата „Гоце Делчев��
В четврток стасува примерок од украинскит�� автобуси?
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks