В понеделник сонце, па пак дожд и грмежи
Времето викендов низ целата држава ќе биде нестабилно облачно со појава на дожд, грмежи, а наместа и со услови за невреме проследено со град. Максималната температура ќе достигне до 29 Целзиусови степени. Стабилизирање на времето се очекува в понеделник и вторник, но веќе од среда дождот и грмежите ќе бидат секојдневје до крајот на неделата. Од УХМР велат дека значителни промени во температурите нема да има. Единствено првите два дена од неделата таа ќе биде повисока за три-пет степени во споредба со денешните, кога се очекуваат и сончеви периоди. (Дс.Т.) |