Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина

Државите-наследнички на поранешна СФРЈ постигнаа договор за првата распределба на имотот на некогашната заедничка држава. Македонија, според договореното, во првата фаза од распределбата на имотот ќе ја добие амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина. Генералниот секретар на српското Министерство за надворешни работи, Владимир Чургуз, за агенцијата Танјуг посочува дека согласно со договорот, Србија ќе и' ја предаде на Хрватска зградата на амбасадата во Виена и два стана во Трст. Словенија ќе ја добие резиденцијата во Рим, конзулатите во Клагенфурт и во Милано, на Босна и Херцеговина ќе и' припадне резиденцијата во Будимпешта и куќа во Вашингтон. Србија, пак, ќе ја добие и амбасадата во Прага, како и резиденциите во Вашингтон и во Отава.

Распределбата на имотот се врши според договорените квоти на поранешните членки на југословенската федерација. Следната распределба е најавена за септември годинава. До средината на идната година, пак, се очекува да ��аврши распределбата на имотот во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), по што ќе почнат преговорите за објектите во Африка, Азија и во останатите делови на светот. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 772 пати.

Испрати коментар

Од: So brzina na zelka
Датум: 05.07.2011 05:06:36
Ceska i Slovacka se podelija i dogovorija okolu site rabioti za relativno kratok rok, a eve nie i posle 20 godini uste go " krcmime" i delime imotot od poranesna Jugoslavija. Tolku sme efikasni , pa zatoa i taka pominavme.

Најди! во Утрински
Втора страница
Ламбринидис ќе ги гланца грчките црвени линии
Собарката и „ѕверот“
Вербатим
Честитка од Иванов до Обама
Се бара кормилар за битолскиот Совет

"""