Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Ламбринидис ќе ги гланца грчките црвени линии

Атина - Нов министер, но истата добро позната политика и црвени линии на Грција. Додека Македонија чека на новата влада и нов шеф на дипломатијата, Грција останува на тоа дека чека македонската страна да направи чекори напред и да покаже конструктивен став за решавање на спорот со името.

Дополнителен факт дека Грција останува цврсто на своите црвени линии е и фактот дека испратиле протесна нота до Црна Гора како организатор на Самитот на Процесот за соработка на државите од Југоисточна Европа поради користење на терминот „Македонија“. Како што истакна портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Григорис Делавекурас, Грција испратила протестна нота до државниот врв на Црна Гора бидејќи во повеќе прилики на самитот не се користела меѓународно договорената референца „ФИРОМ“ туку уставното име за обраќање за нашата држава.

Новиот министер, Ставрос Ламбринидис на кусо помина да ги поздрави и да се запознае со новинарите на брифингот во министерството за надворешни работи и на кратко проговори дека ќе се работи активно на предизвиците за грчката надворешна политика, која овие денови е фокусирана на испраќање на брод за помош во Газа.

Во врска со тоа каква политика планира да следи новиот шеф на грчката дипломатија, Ставрос Ламбринидис, портпаролот на грчкото МНР увери дека грчката надворешна политика останува во рамки на истите познати линии. Делавекурас уште еднаш потенцираше дека Грција има конструктивен став за решавање на спорот со името и дека ги поддржува напорите на специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц за преговарачкиот процес. Меѓутоа, од грчката страна велат дека се' уште немаат видено суштински одговор и конструктивност од македонска страна за да се види напредок во преговорите.

Според Делавекурас, Грција непрекинато работела на подобрување на билатералните односи за да се реши спорот со името. Грција ќе остане посветена на ваквите постојани иницијативи и напори за наоѓање компромисно решение за спорот за името, што за Грција е име со географска одредница за севкупна употреба ерга омнес. (М.П.)


#
Статијата е прочитана 1223 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 05.07.2011 04:37:09
Neka Grcite cekorat napred oti tie se zaostali so vremeto, od 1912. Do sega nisto ne naucile, ja promenija istorijata, gi ucat decata lagi, i taka na tamo do denes, koracat so inat. Ako tie mislat da nie trebame da si gi menjame ideite, zivotot, i indentitetot, treba dobro da se pogledat sebe si vo lice. Nie ne sakame da bideme kako tie. Ulavi. A na toj noviot, se gleda oste edna Grcka inatlivost i arogancija na nepriznavanje na vistinata. Sam neka si gi pegla zborovite.
Од: Jован АН
Датум: 05.07.2011 10:46:03
Новинарите и нашите политичари НЕ СМЕАТ да ја користат кратенката ФИРОМ!!!Нејзиното користење и оди во прилог на јужнава.Да се навикане светот на фиромизирање.Секогаш кога ќе мора (напр.ако се цитира некој од нивните политичари) да се користи поранешна југословенска Република Македонија као што е во привремената спогодба.
Од: vasil
Датум: 05.07.2011 12:14:41
I Makedonia ima konstruktiven stav za reshavanje na imeto, ama to ne e zadovolno za Grcite. E shto da pravime koga gospot i svetot taka reshi deka nie sme Makedoncite i vie ste Grcite. G. Lambrinidis, Grcija na nishto ne e fair. Mamite, lazete i kradete. Bez stranckite pari ne ste nishto!
Од: istoricar
Датум: 05.07.2011 12:47:33
makedonskata politika e na dlabok led...mora da se ima predvid grckiot stav koj ima istoriska potkreva...pred nasete doadjanje tuka juzniot del od rm bil grcki,naselen so grco np ohrid bil 1000god glaven grad na grcka zemja desaretija site sipasi dokumenti odat vo prilog na toa...imeto makedonina go koristime edvaj 60god a sega barame pola grcija apsurd i nemozeme da svatime site bile protiv nas no istoriskata vistina e na grcka strana i zatoa ovoj spor so imeto nema teorija da go dobieme a dodeka gubime vreme so ova prasanje makedonina se albanizira i muslimanizira stoa za 10-20god ova prasanje za ime ce bide irelevantno od prosta pricina ce sme malcinstvo vo ova zemja i nikoj nema da ne prasuva za bilo sto nego ce izglasa vo sobranie promena na ime,ustav a i spojuvanje so druga drzava.........
Од: dedo dimo
Датум: 05.07.2011 12:50:49
Dodeka ima crveni linii ne bi trebalo da se razgovara .Znachi ne se razgovara koga edna srana i nareduva na drugata kako da se reshi problem ,koj nashata zemja go nema Makedonija i Makedonskiot narod nemaat problem so svoeto ime a Grcija ima problem i mora da si najdi kako ke ni se obraka nas za bilateralni spogodbi ..
Од: НАШИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ СЕ ПОЈАСНИ ОД ГРЧКИТЕ
Датум: 05.07.2011 13:04:18
Ние сме Македонци од Република Македонија со македонски јазик и така ке биде секогаш со сите што не признале под уставно име кој устав нема да се менува а само за меѓународна употреба додавка со која ке се сложат двете страни 50 на 50 а тоа ке го верификува на референдум народот. П.С. Мое видување. Грку тежок злостор и фашизам спроведе твојата фашистичка држава Грција над македонскиот народ. Не скокај мора некој од големите да се замисли за злосторот над македонскиот народ кој беше во 1913 поброен и од Грци и од Срби и од Бугари и да ви земе тоа туѓо што ви дал.А потомците на тој народ од целиот свет ке ја имаат обединета Македонија.

Најди! во Утрински
Втора страница
Собарката и „ѕверот“
Македонија ја доби амбасадата во Канбера и конзулатот во Атина
Вербатим
Честитка од Иванов до Обама
Се бара кормилар за битолскиот Совет

"""