Со концерт на „Бајага и инструктори“ и Влатко Стефановски на 3 ноември во салата „Форца“, Општина Карпош ќе ја заврши седумдневната прослава на 34. роденден што со разни активности почна да го одбележува од вчера. Во чест на роденденот под мотото „За Карпош што го сакаме“, општинарите деновиве ќе организираат турнири во шах, табла, пинг-понг и други дисциплини, како и крводарителна акција, уметнички изложби, ќе пуштат во употреба неколку реконструирани улици.
Токму на денот на општината, на 3 ноември градоначалникот Стевчо Јакимовски и администрацијата официјално ќе се преселат во реконструираниот објект на поранешното училиште „Братство“ во Нерези, а еден ден претходно во Кинотеката на Македонија ќе се одржи свечена академија. Градоначалникот Јакимовски вчера најавувајќи ги роденденските активности даде и мини- отчет за сработеното во изминатава година. Информираше дека вкупно се реализирани 200 инфраструктурни проекти, меѓу кои атмосферска канализација на 17 улици, фекална канализациона мрежа на 15 улици, 52 пешачки патеки, асфалтирани 19 улици... „И натаму ќе продолжиме да работиме со истиот интензитет и убеден сум дека до крајот на мандатот ќе ги решиме сите акутни инфраструктурни проблеми“, дополни Јакимовски. (Дс.Т.)
Cestit praznik na Karpos
Stevce e odlicen gradonacalnik
Од: vernik
Датум: 28.10.2010 14:04:54
e, dobro be stefce sekade gradis samo ne na ul.klenoec vo vlae kade gazime kal do gusa i odime vo mrak i ako se plateni site davacki spremaopstinata i sekoj mesec plakame so sekojasmetka za struja ulicno osvetluvanje.DO KOGA?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.10.2010 18:13:18
До верникот,многу бараш пријателе.Биди задоволен оти ќе ти пее Бајага,за улицата ќе биде ,,кад-тад,,
Од: Феличита
Датум: 29.10.2010 09:13:33
Среќо,и мене повеќе ми се допаѓа Цеца.Конечно за една работа да имаме исто мислење!
Од: мене
Датум: 29.10.2010 09:49:48
Од каде нашол пари?Нели е криза? Упс...моја грешка се извинувам немаме групи во Македонија