Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Скопје

Градот ќе гради панорамско тркало за поглед на „Скопје 2014“

Градот бара идејно решение за тематскиот парк што е предвидено да се гради меѓу Камен и мостот „Гоце Делчев“

Деспина Трајковска


Дефинитивно, градбите од „Скопје 2014“ ќе се гледаат како на дланка од педесетметарското панорамско тркало поставено во срцето на градот. Градските власти се во потрага по урбанистичко-архитектонско решение за тематскиот парк во кој централно место ќе има панорамата. Предвидено е да се гради во зелениот појас крај кејот на десниот брег на Вардар, меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“.

Кога ќе почне изградбата и колку пари ќе чини оваа, дефинитивно, атракција за Скопје, ќе се знае дури по завршувањето на постапките за избор на идејното решение. А кој ќе биде главен финансиер официјално никој не кажува, исто како и тоа чија е, всушност, идејата за изградба на панорамата што речиси преку ноќ се вцрта во предметниот урбанистички план.

Градоначалникот Коце Трајановски поради службено патување во странство вчера не беше достапен за подетаљно да информира за проектот. Но, очигледно и градските власти и општинарите од Центар не ги разграничиле обврските, но можеби чекаат крајна одлука од Владата, ако се има предвид оти е јавна тајна дека ДУП „Мал ринг“ е цртан по нејзините урбанистички визии.

Засега единствено е познато дека Град Скопје го бара потребното архитектонско-урбанистичко решение. Во јавниот повик е наведено дека се бара терк за уредување на тематски парк за рекреативно, забавно и панорамско разгледување на градот - панорамско тркало. По изборот на идејното решение Градот ќе нарача и изведбен проект. Така, практично градските власти ќе станат носители на проектот и преку него ќе дадат свој придонес во владиниот проект „Скопје 2014“ покрај тековните активности за обновување на фасадите во центарот на градот и реконструкцијата на оградите на мостовите. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 2548 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.10.2010 12:08:47
Koga ce se gradi Ajfelova kula pokraj Vardar?
Од: deli
Датум: 28.10.2010 12:38:15
Proekt "Skopje 2014" bi trebalo da se dopolni. Predlagam, da državata lansira nekolku - što poveke, tolku podobro - svemirski letala, vo koi gragjanite, a pred sé stranskite turisti, ke se kačuvaat i od svemir ke ja gledaat kako na dlanka kompletno cela "Makedonija denes". Samo neznam, od kade ke poletuvaat tie svemirski brodovi - treba da se odbere nekoja stvarno dobra lokacija.
Од: sonja
Датум: 28.10.2010 12:52:47
ova za vlasta kje bide kako trkalo na srekjata samo sto nema pole bankrot
Од: Petar od Pert
Датум: 28.10.2010 13:48:35
Dobra ideja, no samo da vi kazam deka vo Pert, Z. Australija isto takvo trkalo bese izgradeno i posle 14 meseci demontirano. Pricinata e iako Pert ima 2 milioni ziteli, sepak takvoto trkalo se pokaza neprofitabilno. A drzavata ne sakase da gi plaka negovite zagubi (odrzuvanje i zaposlen personal)
Од: Od mene
Датум: 28.10.2010 14:26:47
Вакво панорамско тркало има од пред десетина години во Лондон а од неодамна и во Гетеборг-Шведска а можеби и во други градови низ Европа, незнам. Идејата е за поздравување
Од: Луда Мара
Датум: 28.10.2010 14:39:46
Еве ме,повторно препотена!Не!Не е ништо безобразно,само сонував!Се вртам на едно големо тркало,а главата бумбар!Лицето-позеленето!Под мене еден куп луѓе,ситни како мравки.Не!Не е тоа ниту Виенер Рајзенрад,ниту Лондонското Окце. Јас,влезена во гондоли и се вртам во Скопското Лавјо Око-највисоката вртелешка во светот!Се клати лево-десно,брмчи и пишти,а на неа јарбол со „наше“знаме!Ечи песната во 7/8 за големиот Владетел!Чудо,невидено!До мене Коцкица и Шерифот McLaboud,два пати позелени од мене,ми објаснуваат гордо:„Ене ги новите лавови,што го нарачавме!Таму,пред зградата на Владата!“-насмеан посочува едниот,како некоја стара баба!На ДВД-то во гондолата „Кралот Лав“,петиот дел!Пред мене потомок на Симба,раскажува како некој негов Велики предок завршил на некој мост во Земјата на Чудата!Околу него Луна парк и мали дечиња,покажуваат гордо кон мостот:„Ене го Симба Великиот освојувач“и гордо продолжуваат да цицаат.Не цуцли,туку Весла!Сè ми се чини дека повеќето од нив ги познавам!
Од: kiroUSA
Датум: 28.10.2010 14:40:51
Se prasuvam samo dali ima razumni luge vo ovaa vlada , ili se lecat od kompleksi . PUSTETE GI SITE VO DIZNILEND.
Од: sebastian
Датум: 28.10.2010 14:44:05
ме интересира дали вмровците сеуште меѓу себе велат „ова е добар чекор на владата“?
Од: Afrim
Датум: 28.10.2010 14:44:54
Isto kako vo London da sme ;) ...da da se soglasuvam so vas ...samo Ajfelovata kula fali ovde ;)
Од: no name
Датум: 28.10.2010 15:01:56
Да се качат сите овие од влада на тоа тркало, да се засили до максимум па нека се витросаат што подалеку од овде. Секој допир со реалноста го изгубиле. Каде ли им престојува моокот, ако барем малку го имаат?
Од: Violeta
Датум: 28.10.2010 15:40:37
A da izlezeme site nie komentatori pred vlada namesto tuka da pisuvame a ima mnogu kako nas pa da pokazeme edno generalno nezadovolstvo od ova idiotska situacija vo koja se naogjame a se poradi nekoi nedokvakani licnosti koi ne rabotat 2.000.000 narod. Jas sum prva nema problem.
Од: Oskar
Датум: 28.10.2010 15:47:06
Aman dosta so ovie igracki! zar ne vi e jasno deka vie vodite drzava a ne Diznilend. Na narodot mu trebaat zdravi i cisti ulici, pesacki i velosipedski pateki, parkinzi, opremeni i urededeni bolnici i ambulanti, skoli, novi rabotni mesta a ne panoramsko trkalo, spomenici, izlisni mostovi kako galerija za spomenici i dr. Se poveke graganite se ogorceni na vaka nerazumnoto trosenje na nivnite oskudni sredstva.
Од: pouka
Датум: 28.10.2010 16:04:19
Zaklucok:nikogas i nikoj vo skopjevo da ne gradi nisto,posto eve kakvi ke bidat reakciite na "dobrite lugje"
Од: maja
Датум: 28.10.2010 16:10:31
a koi ubavini ke se gledaat od trkaloto? kucinjata skitnici? plasticnite kesi koi se veaa od grankite na drvata? plasticnite sisinja po Vardar? grafitite?
Од: Трене
Датум: 28.10.2010 16:17:15
Од искомплексирани луѓе, плачковци, крај нема. Поздрав за идејата, поздрав за градењето, за оптимизмот, само напред. Конечно Македонија се гради, се реализирваат визии. Конечно градиме за иднината, конечно сме посилни од песимистите. Браво за Скопје 2014. И Македонија има визионери и кадри.
Од: Трпе
Датум: 28.10.2010 16:42:32
Пуштете ги деца се.Децата барат забава а и овие повозрасните од нивната партија се однесуват како деца.Двокатни автобуси,панорамски автобуси,триумфална капија,панорамско тркало.Нешто многу им се врти во главата,случајно да не пијат ефтина кавадаречка ракија.Деца се лесно ќи прифаќа.
Од: aleks
Датум: 28.10.2010 17:51:31
Panoramsko trkalo i grandiozni zdanja vo centarot kako vo dubai vo sutka kako da si isol vo bejrut vardar seuste ke smrti na gjubre vo dracevo seuste ke nemaat kanalizacija i asvalt jas ne sum protiv ovie gradbi no toa na kraj i koga ke ima visok pari prvo da se sredat elementarnite komunalni problemi.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.10.2010 18:23:31
Искрено и без иронија ми се бендиса сонот на Луда Мара,и за лавовите,окото,спомениците, триумфалните капии и др.До тука апсолутно е во право.Единствено не го разбрав делот од персоналот од гондолата.Мек Лабуд е омилена фраза на ајван докторот но Коцкица не мие јасна на кого мисли.Единствено што ме подсеќа на Бранко Коцкица од РТС.Да не мислела на лидерот на опозицијата случајно.
Од: Katapultirajte
Датум: 28.10.2010 18:38:32
A zosto ne se izgradi Katapult ili Raketodrom, pa da se od nego katapultiraat ili lansiraat vo nepovrat site ovie bezdarnici so vakvi idiei, i toa 90% od Vladata i 80% od Parlamentot. Toa ce bide najkorisnata i najvnosnata investicija vo Makedonija od osamostojuvanjeto
Од: професорка
Датум: 28.10.2010 20:39:39
Молам само монтажни конструкции за кога ќе дојдат на власт нормални и градски луѓе, да ги демонтираат и да му подарат на Хаити (ако ги прими). Само кај Папа Док беше вака.
Од: meri
Датум: 29.10.2010 02:30:39
a da ni izgradat uste big-ben i kipot na slobodata, togas ke bideme svetski grad, ama na gluposta. dodeka stranskite ambasadi gi popravat ucilistata, doniraat aparati za bolnici, decata ni umiraat bez citostatici , nie ke gradime nekakvi kopii na preubavi gradbi, i toa ovde na balkanot.

Најди! во Утрински
Скопје
Концерт на Бајага - за роденденот на Карпош
Законот не влегува во скопските најлон-кафулиња






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker