Општина за пример
Александар Трајков, Kавадарци
Општина Кавадарци и нејзините граѓани се меѓу ретките во РМ каде што на многу сериозен и траен начин е решено прашањето на поставување споменици на градскиот плоштад.
Имено, уште пред 52 години на градскиот плоштад е поставен споменик на паднати борци со едноставен натпис „За слободата на својот народ“. Независно што Општина Кавадарци беше град во тогашната СФРЈ и град во Народна Република Македонија, значи, независно од тогашното политичко уредување, ниту во еден момент водечките личности и граѓаните не помислија да прават некаков маркетинг или посебно да величат некој дел од историјата на овој град или државата каде што припаѓа. Ниту, пак, помислувале преку тој споменик да ги овековечат жртвите и хероите само и исклучително од НОБ. Напротив, таа универзална порака го издржа тестот на времето и денес ги одвраќа сите кои би се осмелиле да поведат некакви иницијативи за менување или за додавање на други спомен-обележја или споменици за дневно-политички потреби. |