Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Проблемот со „метадон“

Стевче Дечев, Скопје

По неодамна одржаната прес-конференција и по објавените информации за метадонската терапија во Македонија, добивме експресен одговор од Бирото за лекови. Оттаму на телефон ни кажаа некои информации за статистиката со која располагаат како државна институција, информирајќи не' дека Македонија не троши метадон колку половина Балкан, туку дека толку произведува и плус уште нешто.

Но, и да веруваме дека државните институции секогаш се држат за статистиката со која располагаат, сепак, веруваме дека ситуацијата е значително поцрвена (во знак на алармантна). Доколку Македонија произведува метадон повеќе од она што го троши, тогаш зошто имаме огромни списоци на лица кои чекаат да бидат запишани на истите терапии и зошто некои лица умираат чекајќи да бидат ставени на тие списоци? И зошто Македонија троши еден од најскапите метадони?

Со затскривањето зад некоја статистика веруваме дека уште еднаш ќе се избегне да се одговори или нешто да се направи, покрај метадонската терапија, и да се овозможи во Македонија да се имплементираат успешни програми што даваат резултати во светски рамки.

Со спорењето околу статистиката уште еднаш нема да се одговори на прашањето зошто метадонската терапија кај нас се користи како терапија наместо 21 ден, колку што временски е предвидено да се користи за отстранување на физичката криза (не и на психичката), туку употребата трае по 5-10 години. И едноставно кажано, луѓето кои се ставаат на истата терапија наместо да им се помогне во лекувањето на зависноста, тие заглавуваат на метадон (според повеќе експерти и лица кои биле на метадон, тој е полош и посилен од хероинот).


Статијата е прочитана 382 пати.

Испрати коментар

Од: РР-Скопје
Датум: 06.07.2009 07:57:50
Г. Дечев, Ви честитам на храброста, отвореноста и чесноста во изнесуввањето на суровата вистина. Но, наместо да се зафатиме со решавањето на проблемите, веднаш почнуваме со сокривањето на фактите и со премолчувањето, како залажување на совеста. Ви благодарам, г. Дечев!

Најди! во Утрински
Писма
Патувајте со ТА „Бран“, но внимавајте