Бесмислено е да се бројат заразените од свински грип
Пандемијата на грипот Х1Н1 се шири со досега најголема брзина, поради што станува бесмислено да се бројат заразените, соопшти вчера Светската здравствена организација. Поради големиот број на заразени СЗО побара од државите да не го пријавуваат секој случај на заразен, туку само потешките случаи и починатите. „Обидот за регистрирање и пријавување на секој случај е големо губење средства“, изјави портпаролот на СЗО, Грегори Хартл. Според последните податоци на СЗО, до шести јули во светот од новиот грип се заразија 94.512 лица, од кои 429 починаа.
Дваесет и девет лица починаа во Велика Британија откако се заразија со свински грип, што е зголемување од 17-те жртви во понеделникот. Оваа информација дојде кога бројката на нови случаи минатата недела достигна 55.000 и Националната здравствена служба бележи зголемување на повиците и консултациите. Министрите во Англија одговорија со ветување дека Националната служба за грип ќе профункционира на крајот од следната недела за да го намали притисокот врз болниците . Власта, исто така, предупреди дека смртните случаи од свински грип оваа зима би можеле да бидат меѓу 11 и 65 илјади во Велика Британија. Експертите посочуваат дека е невозможно точно да се предвиди. (Би-Би-Си)
|