Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Македонија

Отворена винарската визба „Стоби“ на Минчо Јорданов

Досегашната инвестиција чини 15 милиони евра

ВЕЛЕС – Винарската визба „Стоби“, сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов, која се наоѓа кај Градско, беше отворена завчера. Производството на винарницата е исклучиво од сопствените лозови насади, според најсовремени стандарди пропишани од Европската унија, со органска заштита на грозјето и под постојана строга контрола од врвните македонски енолози.

„Комбинатите ’Вардар Градско‘ и ’Црвени Брегови‘ имаат најкомпактни површини со грозје, околу 600 хектари, од нив 540 се стари, а 60 хектари се нови насади. Оттука е логична одлуката за изградба на винарска визба“, изјави Јорданов по отворањето.

Неговата стратегија, како што објасни, не била како на другите винарски визби -да се произведуваат преголеми количества вино со мал процент шеќерни единици, туку помалку, но со висок квалитет. Ако двата комбината имаат примарно производство од 4,5 милиони евра, винарската визба ќе реализира продукт вреден осум милиони евра.

Досегашната инвестиција на Јорданов во „Стоби“ е 15 милиони евра. Тој планира да вложи и дополнителни два-три милиони евра во баркод и ресторан, со што вкупната инвестиција би ја заокружил на 18 милиони евра.

Дане Јованов, технички директор на визбата, објасни дека капацитетот е 4,5 милиони литри, а технологијата на производство и линијата за полнење се автоматизирани. Линијата за полнење е со капацитет од 5.000 шишиња на час и обезбедува највисок степен на чистота на виното без никакви примеси.

Во „Стоби“ работат 30 лица, додека на лозовите насади се ангажирани околу 330, со тенденција нивниот број да се зголеми. Досега виното се пласираше на македонскиот пазар, а она во шишиња од неодамна се најде и на пазарите во Холандија и во Германија. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1322 пати.

Испрати коментар

Од: Дијана од Лос Анѓелес
Датум: 02.07.2010 08:23:54
Со среќа нека е,многу бериќет,и успех во работата,му посакувам многу извоз да има.А 15миљони евра,а само 30 лица тука ме буни.Сепак со среќа нека е
Од: Граѓанин
Датум: 02.07.2010 11:37:39
Прекрасно !!! Конечно нешто конкретно во винската индустрија и некој што ја рзбрал работата како тоа треба со виното. Се согласувам го г-та од Лос Анѓелес сепак многу чудни бројки се спомнуваат. Случајно или не најголемите олигарси Минчо Јорданов( Штипјанец) Штеријо Наков - Сковин (Штипјанец) се занимаваат со вино мора нешто да се задскрива зад оваа нивна дејност. Инаку овиие двајца беа ситни директорчиња на времето на СЕ ДЕ СЕ ТО а сега вложуваат 18 милијони евра како да е тоа џепарлак . In Vino Veritas
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:43:24
Нека му е со среќа - иако би прашал- од каде толкав куп пари???

Најди! во Утрински
Македонија
На лозарите им скисна грозјето
Нова сала за спорт во Слупчане