Нова сала за спорт во Слупчане
Нова сала за спорт е изградена во рамките на Основното училиште „Фаик Коница“ во селото Слупчане, кое територијално и' припаѓа на Општина Липково. За изградбата на објектот, кој има 500 седишта и модерна опрема, се одвоени 18 милиони денари. Оваа повеќенаменска сала, која може да се користи за кошарка, ракомет, фудбал, одбојка, пинг-понг, тенис, е 20. од предвидените 35, кои се дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт.
„Владата преку своите институции ќе продолжи да вложува во овој регион. На спортски план, идната година планираме изградба на две повеќенаменски игралишта,
во селата Никуштак и Липково“, рече на свеченоста во Слупчане премиерот Никола Груевски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, очекува ова место да биде дом на сите спортисти од Липково. (Д.Р.) |