|
|
|
|
|
|
Откриено дувло на проституција во Карпош
Откриен нов случај на проституција во Скопје. Триесет и седумгодишна гостиварка е откриена во изнајмен стан во скопската населба Карпош, каде што подведувала две девојки на проституција. Целиот ќар од „бизнисот“ најпрво одел во џебот на макрото од Гостивар. Потоа дел од добиените пари таа им ги давала на двете девојки од Кичево и од Штип, кои работеле за неа. Според сознанијата на полицијата, низ станот во Карпош поминале од 100 до 150 клиенти во изминатиот период. За сексуалните задоволства со девојките тие плаќале од 1.500 до 3.000 денари.
Полицијата поднесе кривична пријава до Обвинителството против гостиварката Е.Е. поради посредување при вршење проституција, а истражен судија и' одреди притвор од 15 дена.
Според сознанијата од полициската истрага, станот што го изнајмила гостиварката на улицата „Бранислав Нушиќ“ повеќе од една година бил дувло на проституција, во кој постојано навраќале најразлични клиенти.
Се' започнало уште во април минатата година кога жената-макро почнала да организира средби и во станот да носи луѓе што ги познавала. Двете девојки М.И. (31) од Кичево и Ј.С. (34) од Штип биле задолжени да ги задоволат страстите на посетителите, со кои спиеле за пари. Како што раскажале двете девојки во полиција, тие во изминатиот период спиеле со околу 150 клиенти, кои навраќале често и плаќале различна сума за сексуалните услуги.
„Парите ги земала гостиварката, а двете девојки добивале половина од договорената цена“, велат во МВР. Сексот го нуделе во една од собите во станот, а понекогаш сето тоа се одвивало пред очите на макрото од Гостивар. (Д.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 2513 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Realist |
Датум: 22.06.2011 07:05:27 |
|
Otkrile duvlo aj be brkajte rabota,drn drn jarinja,neka ednas se legalizira prostitucijata,pa site da imame kar vaka se na crno,pa prostitucija Imalo ,Ima,i ke ima lejki prazni ili sakate bez pari Svaleraj. |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 22.06.2011 08:48:39 |
|
Ekonomskata nesigurnost i borbata za egzistencija
ragaat devijantni i dekadentni pojavi-prostirucija,kri
minal,narkomanija,alkoholizam i sl.Nazalost taka e!. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 22.06.2011 12:40:26 |
|
Site prostitutki po zakon da se obleceni od glava do
peta so Burka. Grubi zeni koj niko ne gi sake, sto ke pravat ako ne se izuceni po nekoj zanat, i ne se gordejat so sebe si kao civilizovani luge.
|
|
|
|
|
|
|
Од: koki |
Датум: 22.06.2011 17:00:55 |
|
Мора од нешто да се живее..... зар нив им е добро тоа......... ама овија морони што градат споменици треба да се замислат дека од Аце Гоилемиот, Филип II,III,IV...........не се живее |
|
|
|
|
|
|
|
|