|
|
|
|
|
|
На Игор Спасов му била простена и сообраќајка
Доколку во МВР нема лица што се со идентични генералии, тогаш е можно да станува збор за истиот Игор Спасов, кој брутално го претепа младиот Мартин Нешкоски
Љубиша Станковиќ
Доколку во Министерството за внатрешни работи не постои уште еден вработен на возраст од 31 година и доколку и тој не е роден во Штип, тогаш постои голема веројатност „тигарот“ Игор Спасов, кој е осомничен за убиството на младиот Мартин Нешкоски, и другпат да бил покриван од МВР за незаконски дејства.
Игор Спасов, според сознанија до кои дојде „Утрински весник“, и порано бил во судир со законот. Припадникот на полициската единица „Тигар“ е веројатно истото лице што пред повеќе од три години било учесник во сообраќајна незгода, во која едно лице се здобило со повреди.
Настанот во кој се споменува името на Игор Спасов се случил на 18 ноември 2007 година. Иако во сообраќајката полесно било повредено само едно лице, овој случај го следат одредени недоследности и отстапувања од правилата.
Целата приказна што се поврзува со името на Игор Спасов започнува критичниот ден во 5,45 часот кога на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и „Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.
Во незгодата, освен Спасов, учествувало уште едно лице на возраст од 61 година. Човекот управувал возило „тојота корола“, а Игор Спасов „сеат ибица“, сопственост на Владата на Република Македонија.
Кој бил предизвикувач на сообраќајката, во која возачот на „тојотата“ се здобил со повреди, е помалку битно, но она што треба да се нагласи е фактот дека Спасов го управувал возилото без патен налог!
Тој пред увидната екипа самиот кажал дека кога тој и неговите колеги се на работно место, не користат патни налози и затоа и не ги носат.
Доколку сево ова што го кажал е точно, тогаш недвосмислено се поставува прашањето - дали воопшто може да се управува службено возило без службен патен налог?
Од увидот што го извршила екипа на Одделението за безбедност во сообраќајот може да се заклучи дека и на Спасов и на возачот на „тојотата“ им бил направен алко-тест, со алкомер-дрегер, но не е познато кој од нив управувал под дејство на алкохол.
Какви биле вистинските резултати не само од тестирањето, од комплетниот увид, е непознато бидејќи сообраќајната полиција можела да констатира дека била причинета материјална штета од 100.000 денари.
Едно од клучните прашања е што навистина се случувало на крстосницата од двата скопски булевара? Дали некој од возачите возел со неприспособена брзина и под дејство на алкохол? Зошто возачот на „тојотата“, кој се пожалил на повреди, морал да остане на самото место се' до крајот на увидот?
На сиве овие прашања се надоврзува и она што се однесува на неизлегувањето истражен судија на самото место, и покрај тоа што бил известен за настанот? Истражниот судија од само нему познати причини не дошол на местото каде што се случила незгодата, но набргу тој бил поставен на друга, исклучително висока позиција во судството.
За инцидентот во кој учествувал Игор Спасов, преку Дежурниот оперативен центар - ДОЦ бил известен и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, но и тие не излегле на посоченото место.
Токму непојавувањето на лицата од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди остава простор за сомнеж во начинот на кој се водела постапката во која учествувал штипјанецот Игор Спасов.
Од нивното однесување може да се заклучат две работи: или тие со непојавувањето се ставиле на страната на нивниот вработен или навистина и самите се непрофесионални, што, пак, претпоставува и злоупотреба на нивните овластувања? Исто така е нејасно како е можно полициски службеник да учествува во сообраќајка и тоа со возило што е во сопственост на државата, а Секторот за внатрешна контрола да не реагира ниту по едната ниту по другата основа?
Легитимно право на МВР е да ги заштитува своите вработени, но само доколку е тоа во рамки што не ја надминуваат линијата на толеранција. Сепак, доколку некој вработен во МВР предизвика сообраќајка и притоа се направат серија пропусти во постапувањето, тогаш оправдувања не постојат, како што нема и не смее да ги има и за однесувањето на Игор Спасов, кој до смрт го претепа младиот Мартин Нешкоски. |
#
|
Статијата е прочитана 3702 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Goran Bitola |
Датум: 22.06.2011 02:08:06 |
|
Bas me interesira dali i kako ce se zataska slucajov so idiotov. Ili sepak ce se zadovoli pravdata (???). |
|
|
|
|
|
|
Од: milos |
Датум: 22.06.2011 03:23:33 |
|
da e samo on koj zlopupotrebuva polzba .... pa vo park da pojdete sega za vikend 4 do 5 sluzbeni koli ili pred leninova ke vidite koi kvazi policajci i nacalnici potrckovci na telohranitelot na grujo se teraat shemi ...eden od niv duri i se falese deka za 4 godini domasnata kola ja nema upaleno dzabe ja kupil ......koga na porst covek ke mu dades vlast ehhh |
|
|
|
|
|
|
Од: Mene |
Датум: 22.06.2011 05:08:34 |
|
Kadija te brani, kadija te sudi, e toa e pravdata. |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 22.06.2011 05:11:25 |
|
sekoe cudo za tri dena, ke se pravat mutavi deka go sudat. koga ke se povlecat novinarite i koga nema da bide top tema, ke ja napusti makedonija 3 4 godini kolku da go zaboravat |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 22.06.2011 09:07:21 |
|
Ima pogovorka-,,Ako se kaze kuceto besno,seko- gas e besno,,.Pogolema tragedija od zaguben
mlad zivot na brutalen nacin,NEMA!.Ako pripadni-
ci na edinici za specijalna namena storile prekrso
ci TOE E!Kontradiktornost-ne e roden vo Stip,a se
veli,,stipjanecot,,?.Poraka,iako ima PS da se istra
zi KOJ gi realizirase najslozenite zadaci vo krizni situacii za ovaa zemja!?.E toa e drugata strana na
medaljata,vo interes na objektivno informiranje i
kako prilog na nova pogovorka-,,kuceto ne sekogas e besno,,!. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 22.06.2011 12:22:57 |
|
Nisto novo i nevoobicaeno na ovie balkanski prostori tie sto se na vlast ili se del od taa vlast od sekogas bile privilegirani vo takvi slucaevi.Toa vazi kako za komunistickata vlast vo SFRJ taka,za zal i denes koga barem na hartija imame nekakva si demokratska drzava.Da go spomenam slucajot so zaginuvanjeto na bracen par na patot Bitola - Prilep pred nekolku godini koi bea udreni od vozilo koe se naogjase na obezbeduvanje na stranska drzavna delegacija.Sudskiot proces protiv vozacot na sluzbenoto vozilo se vlecese so godini za da na krajot izleze deka nikoj ne e vinoven!!Da ne zboruvame za drugi pomali soobrakajki ili drugi sporni situacii.Popusto sto vo Ustavot stoi deka siote gragjani na RM se ednakvi pred zakonot, ama mene mi se cini deka za nekoi izgleda deka ni Ustavot nitu zakonite na RM ne vazat i za zal toa e vistina!!Toa e nasata realnost i vo momentov ne postii sansa toa da se promeni vo dogledno vreme! |
|
|
|
|
|
|
Од: Чича Мите до Istocna Makedonija |
Датум: 22.06.2011 13:02:46 |
|
А бе шутрак, кој им дава право да бидат бесни во мир само затоа што биле во конфликтот 2001. Па такви момци има илјадници, бранители. И што ако секој од нив се однесува како Игор Спасов? Што ако секој од нив сака да ги решава проблемите со силните тупаници или пак со оружје. Овде се работи за пит бул териери на фирерчето и фамилијата, на кои се им е дозволено, кои имаат licence to kill . На тоа требаше да се стави крај , ама крајот го нема - нема светло на крајот од тунелот. Зацрне Македонија и допрва ќе црнее со такви „големи умови“ како тебе |
|
|
|
|
|
|
Од: vlatko |
Датум: 22.06.2011 15:10:53 |
|
Зошто новинарите не истражат и за одликувањата, постигнувањата, акциите, угледот во единицата на Игор Спасов, зошто не ја истражат и другата страна на вистината. Целата јавност заслужува одговор што прави МВР кога и на најдобрите, најодликуваните знаат вака да „пукнат“. |
|
|
|
|
|
|
|
|