Премиерот Никола Груевски и претседателот Бранко Црвенковски едеа еден до друг на конститутивната седница
Конституиран новиот парламент, а за нов спикер беше избран Трајко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остана без коментар за отсуството на ДПА, опозицијата го протолкува како погрешен потег, а ДУИ иронизираше дека не го забележале отсуството на своите главни политички противници.
На ова прво свикување на парламентот беа верификувани мандатите на 114 пратеници, за кои ДИК ги потврди и мандатите, вклучувајќи ги и оние на ДПА. Мандатите на шестемина пратеници ќе бидат дополнително верификувани, откако ќе бидат познати одлуките на Врховниот суд по жалбите и по дополнителното прегласување идната недела на неколку избирачки места во „шестката“ и во „единицата“.
Инаку, на конституирањето на парламентот присуствуваа претседателот на државата, Црвенковски, премиерот Груевски и членовите на Владата, поранешниот претседател Киро Глигоров, ексспикерот Љубиша Георгиевски, претставници на судството и на верските заедници во Македонија, претседателот на ДИК, Јован Јосифовски. Членовите на дипломатскиот кор во земјата седницата ја следеа од собраниската галерија, но меѓу нив не беа американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ и евродипломатот Ерван Фуере.
И на оваа конститутивна седница, како и минатиот пат, го немаше лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Неговото отсуство потпретседателот на ДУИ, Џеват Адеми, го оправда со презафатеност со други обврски, но не откри која работа му била позначајна од верификувањето на мандатот и конституирањето на парламентот.
Интересно е тоа што во овој парламентарен состав има само 40-ина нови пратеници, другите се од претходниот состав. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 63 мандати, „Сонце- коалиција за Европа“ има 27, ДУИ - 18, ДПА - 11 и ПЕИ еден пратеник. Меѓу оние кои премиерно влегоа во Собранието има познати личности во јавноста: Борис Стојменов, Зоран Коњановски, Андреј Петров, Горан Минчев, Ермира Мехмети, Имер Селмани, Сулејман Рушити, Имер Алиу, Емилија Станковиќ (на местото на Зоран Заев, кој се повлече). Пратеничкото искуство и во овој состав ќе го продолжат тројцата ветерани Стојан Андов, Тито Петковски и Љубисав Иванов-Ѕинго.
За Велјановски позитивно се изјаснија 79 пратеници од коалицијата „За подобра Маке��онија“ и од ДУИ, 19 опозиционери беа воздржани, а немаше ниту еден против. Велјановски, сепак, доби честитки од сите пратеници во салата.
„Со моето работење ќе се трудам да направам баланс помеѓу политичките сили. Квалитетната работа на Собранието ќе биде моја обврска. Еднаквиот третман на пратениците ќе биде моја заложба, интересите на Република Македонија ќе бидат моја цел. Знам дека сите ние заедно ќе го направиме македонското Собрание вистински храм на македонската демократија. Ова Собрание нема само како сенка да ја следи работата на Владата и да ги коригира, дополнува или редефинира нејзините проекти во квалитативна смисла, туку и ќе продуцира и создава. Ова Собрание ќе биде наша гордост и јас со сиот мој авторитет ќе се борам заедно со сите вас да успеам во таа намера“, потенцира Велјановски од спикерското место веднаш по давањето на свечената изјава.
На крајот од излагањето тој му се заблагодари на Георгиевски, како што рече, за енергијата и посветеноста со која ја вршел функцијата претседател на Собранието. (О.В.)
E Branko Branko, mislese deka odraboti uste eden mandat so sabotazata na Sekerinska, ama sega Grujo ke go smeni Ustavot i ke si stavi svoj Pretsedatel, pa ti slikaj se posle
Од: R.N-B
Датум: 23.06.2008 02:13:35
"Glasacot" i glasacite, ubavo svatile deka Grujo kako- taka,si napravi mnozinstvo vo Sobranieto i ke moze bez maka,a po svoja licna ambicija, da NI go smeni Ustavot. Pa toa ke mu bide najlesen nacin da si se proglasi i za dozivoten pretsedatel. Ne znam dali Branko mislel da " odraboti" uste eden mandat, ne znam dali Branko ( Pretsedatelit) ke se "slika" po sovet na "Glasac"ama ako nekoj ostane slikan so prstot vo usta,toa ke bideme NIE,naivnite makedonski gragjani koi uste ednas pokazavme ne razbiranje vo politickata igra na ambocioznite samobendisani politicari koi si gi obezbedija za dolgo vreme tugodnite fotelji i idninata na decata ,duru i onie sé uste ne se rodeni... A nie,narodot, bas gi boli stikla za nas !!
Од: rekanec
Датум: 23.06.2008 11:01:33
dobro be GRUJO.ke go smeni ustavot.no ako se suprostavi AMDI.sto toga.
Од: Баба Ката од Секулица
Датум: 23.06.2008 11:24:11
Од све што изјавие нови преседник Собрања,на нас, овдеј поред чесму, чекамо воду цела ноќ, највише ни се допада она:„ЗНАМ ДЕКА СИТЕ НИЕ ЌЕ ГО НАПРАВЕМЕ МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ВИСТИНСКИ ХРАМ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА„! Овај човек, не знам што муе, одма утнае работу. Забравие ко е, од куде е, што е, што работев, куде седнае? Абе како тој, од ЦИРКУС ДА НАПРАВИШ ЦРКВУ? Ни е било ни ќе биде! Немој да се резилеш момче, тој га нема ни у Куманово. Исти људи плус Амди и ќе правев цркву, македонска демократија? А оној друго „.. и јас СО СИОТ МОЈ АВТОРИТЕТЌЕ СЕ БОРАМ заедно со вас да успеам во таа работа„, е тој му на место. Дума да нема. ПЕЛИВАН ! Намажи га шарлаган, покажи му „онај не мисле како твое премиерче„ и ете ти га Трајко ПЕЛИВАН, има да га победе до пету рунду. А, ако му кажеш, има и нешто у главу не е празна како наше, противник губи још у прву рунду. Оставите једно место у МУЗЕЈ и за пеливана...
Од: KKK
Датум: 23.06.2008 15:29:04
fala bogu ne e veke georgievski spiker....luge daj ostavete gi glumcite vo teatar i ne davajte od parlamentot da pravat teatarski pretstavi
Од: jas
Датум: 23.06.2008 16:42:11
Eve, uste ednas da prasam, sto ke bide so kreditite na "ministrite amerikanci"? Se iznasetaa niz svetot i sega? Ke prodolzime li da im gi plakame stanovite vo Amerika? A, bev li vo prav koga pred poveke meseci rekov, bidejki potpisavme deka ke im gi plakame kreditite a nema sansa da imame korist, ne e li podobro uste togas da si odat od ministri, za da ne pravat nepotrebni trsoci?!
Од: Diplomat i kolega
Датум: 23.06.2008 17:07:23
Podobro Ti Grujo odi na Megunaroden sud da rascistis za legalitet na referencata. Ovaka ispaga samo beznadezno da places i neznaes sto da pravis. Ako neznaes sto treba da pravis netrebase da bides Premier.