Во ВМРО-ДПМНЕ молчат околу тоа кој ќе биде новиот партнер
Светлана Унковска
Комплетниот состав на новиот владин кабинет ќе започне да се крои во текот на оваа недела. „Се' уште нема никакви информации кога би започнале преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со идните коалициони партнери. Најверојатно Груевски ќе чека да му биде врачен мандатот од Црвенковски, па дури потоа ќе започнеме со разговорите“, изјави вчера Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на партијата.
Во петокот Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа состанок на кој, освен за конститутивната седница на парламентот и за номинацијата на Трајко Велјановски за иден собраниски спикер, не станало збор за составот на Владата.
Иако веќе е познато кои ќе бидат партнерите во власта и за разлика од пред две години кога Груевски, за да обезбеди парламентарно мнозинство, мораше да преговара со неколку партии, сега тоа не е случај затоа што со коалицијата „За подобра Македонија“ го има мнозинството од 63 пратеници. Во партијата на Груевски не изнесуваат никакви детали од некакви првични контакти, размислувања или финална одлука за тоа кој ќе биде албанскиот партнер во власта.
„Преговорите за составот на новата влада ќе започнат во текот на неделава, но засега се' уште нема информации кога Груевски ќе ги одржи контактите со партиите“, изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски, кој за поконкретни информации не' пренасочи во ВМРО-ДПМНЕ.
По изјавата на потпретседателот на ДУИ, Рафис Алити, на конститутивната седница на парламентот во саботата дека ќе ја поддржат кандидатурата на Трајко Велјановски за парламентарен спикер, беше протолкувано дека идната влада ќе има нов коалиционен партнер од редовите на партиите на Албанците.
„Секако дека очекуваме да бидеме поканети да ги почнеме разговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Засега се' уште немаме најава кога ќе почнат, затоа што не зависи од нас“, ни изјави вчера Алити. Од партијата на Мендух Тачи, кои ја бојкотираа и собраниската конститутивна седница, вчера никој не сакаше да коментира дали имаат некакви сигнали од ВМРО-ДПМНЕ како нивни традиционални владини партнери.
More , da ocekuvate da bidete pokaneti od
obvinitelstvoto za Haskite slucai.Kakva drskost ,
so dosie na masakri od zaseda i zlostorstva
vrz Makedonskiot narod , namesto da odgovaraat
pred sud ke se upikuvaat za vo vlada.Kakva vlada,
tie teroristi sto se odgovorni za zlodela i masakri vo zatvor.
Од: luli
Датум: 23.06.2008 06:33:24
treba da razberes deka taa e partijata sto go odbra albanskiot narod ,i dui treba da bide vo vlada isto taka koga ke go razbesres ova >ONE MAN'S TERRORIST, ANOTHER'S FREEDOM FIGHTER togas ke ti bide situacijata po jasna
Од: Stewie do Boban
Датум: 23.06.2008 14:26:01
Nemoj da zaboravis deka funksioneri na VMRO-DPMNE veke se vo Haag. Zatoa, daj malku podobri argumenti. Da bideme malku porazumni i da gledame napred za podobra idnina. Koalicija DPMNE-DUI i e mnogu potrebna na nasata drzava za politicka i ekonomska stabilizacija, i integrirane na medunarodnite instanci. Veruvam deka potpolno ke se izolirame na medunaroden plan, a vnatresno ke imame golemi problemi ako ne se odi so vakva koalicija. Togas, ni stranski investicii ke ni dojdat ni nisto.
Од: Do boban
Датум: 23.06.2008 14:56:47
I istomislenicite:
Ako mnogumina taka mislat kako nego za albancite verujte deka nema dobro da i se pise na makedonija.Kako pobedil kaj makedoncite VMRO taka i DUI gi pretstavuva albancite,zatoa ako pak ke bide vo vlada DPA na taaaci ne veruvam deka makedonija ke pee dobra pesna.Mislam deka vremeto na konflikti zavrsi,no ako pak nema da vleze vo vladata partijata sto gi pretstavuva albancite a toa e DUi togas ne e nesto dobro za makedonija