Број 3311  сабота, 19 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Забава

ГВИНЕТ ПАЛТРОУ

Се откажа од сопругот поради фудбало��

Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Крис Мартин, откако почна Светското фудбалско првенство во Јужна Африка, веќе немаат секојдневни заеднички теми. Сопругот на актерката стана целосно опседнат од фудбалот, па досега не пропуштил ниту еден натпревар. Гвинет се трудеше да го следи неговиот ритам, но набрзо се откажа.

„Крис досега ги гледаше сите мечеви. Гвинет се обиде да покаже доза ентузијазам. Добро се забавуваа гледајќи го натпреварот меѓу САД и Англија, но потоа таа сфати дека Крис никако не го трга погледот од телевизорот. Тој е буквално опседнат од натпреварите, па Гвинет се откажа од него“, откри еден пријател на парот. Инаку, веќе подолго време кружат гласишта дека бракот на актерката и рокерот од бендот „Колдплеј“ се наоѓа на тенок мраз. Повеќе извори потврдија дека Гвинет очајно се обидува да остане бремена, за да ги подобри односите со својот сопруг. Со оглед на неговата нова страст за фудбалот, на која ја троши секоја минута од слободното време, се чини дека најважната споредна работа на светот само го докажува својот епитет и ги замрсува проблемите, кои веќе подолго време се присутни во врската.


#
Статијата е прочитана 1099 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Концерт на Кале или во „Метрополис арена“?
Ја стопи својата енормна фигура