ЏОН ГУДМАН
Ја стопи својата енормна фигура

Гостувајќи во неодамнешното издание на Дејвид Летермен, „Лејт шоу“, американскиот актер Џон Гудман откри дека значително ослабел благодарение на интензивната физичка активност. Претходната недела 57-годишниот актер, на еден настан во Холивуд, го привлече вниманието со својата видно стопена фигура. Познатиот холивудски дебелко, но и јунакот на серијата „Розен“, кажа дека личниот рекорд му бил дури 180 килограми.
„Битката со вишокот килограми претставуваше своевиден годишен ритуал, навистина една континуирана неуморна борба“, објасни Гудман, додавајќи дека секоја пролет ја намалувал тежината околу 30 килограми. Неговата најголема слабост, дефинитивно, е пивото. „Се' што ќе изгубев на себе, веднаш го враќав со пиво, �� што е уште полошо - секоја година додавав неколку килограми“, раскажува актерот. Неговите пријатели и потесното семејство се загрижиле, па најчесто му викале: „Го уништуваш мебелот!“
Прашан за идеалната тежина, односно која му е тежината од соништата, Гудман духовито низ смеа одговорил: „Петнаесет килограми. Сигурно никогаш нема да изгледам како Парис Хилтон“. |