Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
Каде ќе заврши грозјето?

Владо Ридов, Кавадарци

Веќе поминаа три месеци откако Регионалното здружение на лозари од тиквешкиот регион „Агротиквеија“ од Кавадарци во дневниот печат објави понуда на грозје - оглас, за вишок на 80 илјади тони грозје, а резултати нема. За другата половина од годишниот род се смета дека ќе ја извршат домашните винарии и оттаму нема никакво известување, освен шпекулации дека виното им стоело од ланската реколта и немало каде да го сместат годинашното. На повидок е светски трагичен случај грозјето да скапува и тоа грозје од кое се прави вонсериски квалитет на вина што имаат натпросечна цена од 10 до100 евра од шише. Многубројните дегустаци го докажуваат тоа.

Донесена е и Декларација за заштита и развојот на лозарството во општината Кавадарци во која проблемите се правилно утврдени, од начинот на нивното решение - меѓу лозарите и винарите, Владата на РМ, па до Министерството за земјоделство и Министерството за финансии. Од тоа што е кажано нема ништо сторено.

Ваков случај во светот не е можно да се сретне: никој лозар во светот не продава грозје, туку вино. Наместо индивидуална обработка на грозјето во вино, практика е во многу држави да основаат здружение на лозари со заедничка винарска визба и продажба.

Во изминатите дваесет години, уште од 1991 година ја поништија интеграцијата и доходовните односи, а винарските визби ги подарија на лидерите и нивните блиски партиски полтрони, кои најниската цена на грозјето во 1990 година од 30 денари ја намалија на 5 денари, до лани, а за оваа година предлагаат 4 денари. Од 340 илјади тони литри во винарските визби сега се во употреба едвај половината, остатокот се напуштени и не им се даваат на располагање на лозарите?! Плаќањето на грозјето се врши според шеќерни единици, а не на килограми. Овие „мерки“ се преземени врз основа на т.н. транзиција, со која ќе се подобри производниот процес и квалитет на производите, а се постигнаа обратен ефект: површините под лозови насади се намалија, па повеќе од половина од 46.000 хектари се поништени, со тенденција на натамошно поништување - за што како факт може да послужи никаквиот интерес на властите за исправање на грешките. Досега беше „оправдување“ дека тоа прашање треба да се реши меѓу лозарите и винарите. За властите, илеревантни беа дваесетгодишните протести на лозарите за ниските цени на грозјето. Исти однос имаат и сега кога не ги примаат лозарите.

Како што сега постојат елементи во државата што сакаат да ја урнат, така и тогаш имаше такви што сакаа да го поништат земјоделството, ориентирајќи се кон индустриски објекти, кои не само што ќе го трујат народот македонски - лоцирајќи ги загадувачките оџаци во непосредна близина на градовите туку и ја загадуваат обработливата земја. Такви примери има во Скопје, Велес, Кавадарци и во други градови. Тоа е едната страна, во стариот режим, но во новиот, пак, се појавија ненародни елементи во партиите во власта, кои успеаја тие загадувачки индустриски оџаци да ги дуплираат и триплираат, како во Кавадарци, каде што се планира да се инсталира и трет оџак. За ваквиот потег за изненадување на лозарите, на сопственикот на ФЕНИ му се даде награда да биде почесен граѓанин на Кавадарци.


#
Статијата е прочитана 485 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 19:15:44
Дадете го беспари на тиквешкиот подрумџија грозјето или на 20 год отплата ќе најде и сместувачки капацитети и нема да биде проблем пласманот на виното се ќе биде во ред,ама само за него а за лозарите ако преживеат ќе прикажуваат.
Од: do feliks
Датум: 14.10.2010 20:48:16
bravo be feliks se znaes:))
Од: mimi
Датум: 14.10.2010 23:27:20
a be feliks ti ako odis po dozdot da beris i da go doneses do tikves ke go dademe bez pari itaka i lanskoto ne e plateno sramota do godina ke molat za grozje ama bekim gospot porano ke go sobere rodot da ne se maci narodot sramota od vlasta za nis ne gi biva

Најди! во Утрински
Писма
Високото образование без стратегија
Избрзано, погрешно!






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia