Број 3406  четврток, 14 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
Избрзано, погрешно!

Трајче Грујоски, Скопје

Повод: „Името е национално, а не политичко прашање“ од митрополит Агатангел, „Утрински весник“, 6 октомври 2010

Реакцијата на високиот достоинственик на МПЦ може да биде доказ дека поговорката - на лута рана, лута трева, не е секогаш препорачлива. Во овој случај таа е толку жестока што уште на прв поглед грубо ја надминува сферата на духовноста што би требало да биде животен позив на авторот. Да не го спомнувам гневот и суетата што бликаат од писмото иако е познато дека никогаш не се корисни сојузници за мирно промислување. Сатанизацијата на опонентот е запрепастувачка. Сето е пример како не би постапил библискиот пастир.

Почетната грешка во насловот - категоричното тврдење дека „националното“ не е политичко прашање е несфатливо во 21 век. Затоа содржината на писмото е преполна со термини, институции и проѕирни манипулации, кои ни малку не се духовни, односно лошо се разбрани и промовирани. Наместо небулозата на авторот против п��литизацијата на народното единство насушна е потребата да престане партизацијата во таа област при што е очигледно дека и авторот ги смета за непријатели сите што мислат поинаку од него.

Интересно е што се „заборава“ барем да биде спомната прецизната уставна определба за одвоеноста на верските заедници и религиозни групи од државата (19), како и еднаквоста на граѓаните во слободите и правата независно од нивното верско уверување (9). Спорното прашање е политичко токму затоа што може да се реши со политички средства. Управувањето со заедничките работи во демократијата е монопол на државата да го претставува општеството и јавните интереси. И добро е што така треба да биде оти историјата на човештвото е полна со трагични поуки кога „духовници“ ја зеле правдата во свои раце.

#
Статијата е прочитана 746 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 14.10.2010 19:12:48
Значи според авторот црковниот клер треба да одмолчи и гледа како национално им се разнебитува црквата.Па зарем никој несваќа да со ерга омнес покрај државата и црквататреба да го менува името.И сега се критикува реакција на клерот,требало да молчи и да гледа сеир.Овие кписанија како денешново се во корелации на одработување туѓи агенди а на своја штета.
Од: todor
Датум: 15.10.2010 08:13:50
Нас како деца не учеа дека постојат три Македонии разделени и тоа Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија. За време на Александар македонски постоела Горна и долна Македонија или со други зборови Северна и Јужна Македонија. Сега го поставувам прашањето . Зошто и на кого му одговара само овој дел од Македонија да биде Македонија, на кого му смета вековниот стремеж на Македонецот да се обедини и да живее во една обединета македонија.

Најди! во Утрински
Писма
Високото образование без стратегија
Каде ќе заврши грозјето?






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia