Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Интервју

Нема замена за членството во ЕУ

Богдан Мазуру, државен секретар во романското МНР

Целта не е само да се влезе во „клубот“, туку и да се зачува демократската стабилност и просперитет

Од нашиот известувач
Димитар Чулев

Букурешт – „Не би сакал Романија да биде обвинета затоа што некои решенија што беа донесени на Самитот во Букурешт пред две години не се совпаднаа со очекувањата на Македонија и на тамошната јавност. Се разбира, кога зборуваме за Романија, оваа земја секогаш го подржувала и го поддржува приемот на вашата земја во НАТО. Проблемот што се јави како пречка за придружување на Република Македонија во Алијансата не е проблем во кој Романија може да се ангажира, бидејќи е билатерален проблем“, вели Богдан Мазуру, државен секретар во романското Министерство за надворешни работи, задолжен за ЕУ и за НАТО, замолен да ја коментира перцепцијата на дел од македонската јавност дека во Букурешт на два пати во историјата беа донесувани решенија кои беа разочарувачки за Македонија.

Мазуру со две децении стаж во романската дипломатија, бил член на постојаната мисија на Романија во Брисел, генерален директор за Европа и Северна Америка, амбасадор во Вашингтон, постојан претставник на Романија во НАТО, амбасадор во Германија... Во интервју за „Утрински весник“ вели дека е оптимист за прашањето на приемот на Македонија во ЕУ и во НАТО.



Дали Ви се чинат прифатливи, сега во 21 век, постапките на блокирање на една земја од друга поради, како што рековте и самиот, билатерален спор?

Прво би рекол дека резултатот од ова не е најсреќен, бидејќи Македонија не беше поканета да се придружи на НАТО. Од друга страна, ќе повторам дека е тоа билатерално прашање во кое земјите надвор од Македонија и Грција не можат да се ангажираат. Но, сепак, се надевам дека на крајот ќе се изнајде договор помеѓу Грција и Македонија и ќе нема проблеми да се приклучи во НАТО.



Во Македонија постои мислење дека Романија е една од најпријателските земји, не' признавте под уставното име. Дали евентуална промена на името би довело и до менување на начинот на кој сега и' се обраќате на Македонија?

Кога зборувам со вас или со моите пријатели од Македонија, го користам името под кое Романија ја призна таа земја. Значи, Република Македонија. Од друга страна, кога сме на средба од меѓународен формат, мора да го почитуваме името под кое Македонија функционира во тие разни организации. Односно, името на земјата кое е признато од ОН. Се надеваме дека овој проблем ќе биде побрзо решен и се надеваме дека двете страни, и Скопје и Атина, ќе најдат начин да продолжат заедно. Навистина е штета што Македонија не е сега членка на НАТО, како што се Хрватска, Албанија...



Дали Романија на патот кон НАТО и ЕУ се соочила со ваква или слична пречка?

Не би рекол дека имало такви проблеми. Но, ког�� ќе се навратам на раните деведесетти години, имаше проблем со нашите соседи и пријатели, Унгарците. Но, тие беа надминати, бидејќи двете страни, и Будимпешта и Букурешт, сфатија дека доколку сакаш да се придружиш на организации какви што се НАТО и ЕУ, мора да се изнајде заеднички именител околу некои вредности (како што е, на пример, почитување на правата на националните малцинства), кои водат кон добри меѓусоседски односи.



Споменавте малцинства, Романија релативно добро го менаџира ова прашање. Има дури претставник на македонското малцинство во Вашиот парламент.

Се согласувам. Сметаме дека Романија води една од најдобрите политики во Европа во однос на малцинствата. Во парламентот партиципираат 18 малцинства, кои имаат свои претставници, постои и политичка Партија на Унгарците, која има силна група во парламентот. Но, покрај Унгарците, на пример, имаме Украинци, Татари, Турци, па дури италијанско малцинство, германско, исто така. Се обидуваме да водиме грижа за нивната традиција, култура, идентитет и сметам сме многу добар пример во Европа.



Не толку одамна споменавте дека еден од надворешнополитичките приоритети на земјава ќе биде статусот на романското малцинство во Србија. Не сте задоволни или...

Сакаме да водиме грижа за Романците кои живеат надвор. Тоа е задача и работа на сите влади, во Романија или на кое било друго место. Тоа е природно и не се однесува само на Србија, туку и на сите други соседни земји. Па дури и во Македонија постои малцинска група, вие ги нарекувате Власи, која има романски етнитет. Не е битно колкаво е по бројност тоа малцинство во одредена земја, дали е помало или поголемо, битен е принципот дека треба да се почитуваат правата на припадниците на тоа малцинство. Не сметам дека некое побројно малцинство треба да ужива поголеми права само поради квантитетот.



Тргнувајќи од Вашето (романското) искуство, може ли да ми кажете зошто е значајно една земја да биде членка на НАТО и на ЕУ?

Целиот процес на приближување и, конечно, приклучување кон овие организации ни помогна многу во забрзувањето на позитивната трансформација на земјата, за консолидирање на демократските институции и воведување на словото на законот, за воведување на пазарната економија. Приклучувањето на ЕУ и на НАТО значи да и' се помогне на една земја да постигне демократска стабилност и просперитет. Значи, целта не е само да се влезе во „клубот“. Членството е инструмент преку кој долгорочно ќе се зачува таа демократска стабилност и просперитет.



Романија некако не е многу присутна во земјите од Западен Балкан. Во Македонија тешко и дека може да се најде нешто со назнака романско.

Можеби е тоа само перцепција, но, видете, постојано ја поддржуваме Македонија. Секако, треба многу да се направи на планот на економската соработка. За жал, ако погледнете какви тешки мерки презема романската држава за да се справи со економската ситуација, ќе видите дека Романија не е токму во таква кондиција за да воспостави економски и трговски односи какви што посакува, не само со Македонија, туку и со други земји. Се разбира, тоа не е оправдување.



Дали тешката ситуација, протестите и незадоволство од најавените мерки доведува до појава на евроскептицизам?

Не би рекол. Ги почитуваме реакциите на јавноста, но, од друга страна, мора да ги преземеме тие мерки за да да ги поставиме основите и да обезбедиме издржлив стабилен развој за во иднина. Некои европски земји, како што се Грција или балтичките земји, преземаат такви мерки. Можеби ова не е најдобар момент за Романците, од аспект на економската ситуација, но мора да се преземат мерки...



На 27 мај во Македонија доаѓа претседателот Трајан Басеску. Но, нели, некако и средбите меѓу двете земји се ретки.

Кога разговараме со македонските колеги и пријатели, постојано повторуваме дека сакаме да им понудиме поддршка на патот кон асоцирање кон ЕУ и НАТО и дека Романија е подготвена да го подели своето искуство за тоа. Понекогаш е подобро да се учи од искуството на другиот и да не се повторат грешките на другиот. На граѓаните на Македонија им порачувам да веруваат во себе, да не бидат фрустрирани, да не отстапуваат од поставената цел да бидат дел од НАТО и од ЕУ. Тоа е тежок пат и комплексен процес, но ЕУ е успешна приказна.


#
Статијата е прочитана 961 пати.

Испрати коментар

Од: Kimov
Датум: 17.05.2010 06:14:31
More prasajte go Trajan dali se uste postoi toj Bukureski dogovor so podelbata na Makedonija ili e unisten. A dokolku postoi dali ima sansi da se obelodeni pred javosta deka se uste postoi toa cudo vo fiokite na Bukurest.
Од: do kimov
Датум: 17.05.2010 10:10:23
ti si dezuren sekretar na vmro ili vrska nemas od politika i zivot neli gledas vo kakva siromastija zivee narod ili si buzdetar penzioner pa nemas vrska kako zivee narod?vo rom bese plata 25ger mar pred da vlezat vo eu sega se im e obezbedeno ne davat humanitarni oglasi po novine da barat pomos za deca operacija bate ete toa e eu ako ne sfacas a severno e odlicni nisto ne menuva .
Од: Евроинтегративец
Датум: 17.05.2010 10:57:11
Алтернатива има само во хибернираните мозоци, како на Komov и сличните.
Од: Ambasador vo MNR
Датум: 17.05.2010 13:04:57
Vo naukata e potvrdeno deka postoi samo (i to slednata) Strategija za Imeto: 1. Generalnoto Sobranieto na OON bara od Megunarodniot sud za pravda Sovetodavnoto mislenje za legalitetot na Ref. BJRM i pridruzeniot rikvjerment za pregovorite/razgovorite za praven identitet na drzavata (ustavnoto ime), a potoa 2. razgleduvanje rezolucijata (na Sobranieto na ON) vo Megunarodniot sud za pravda vo Hag vo vrska so legalitet. Ke se razgleduva rezolucija - prasanje od ON (za Sud): Da li referencta BJRM e legalana, i da li se legani pregovorite za sopstveniot praven identitet sodrzani vo Res.na ON za priem na apl. pod br... vo ON? Za postavuvanje ova prasanje od Sobranieto do sudot ke treba podrska od najmalku 41 drzava, a pred se od Nevrzanite zemji. (vo srpskiot slucaj tie dale duri 77 glasa ZA postavuvanje prasanje do sudot vo Hag, znaci i vo Mak. slucaj brojka ke bide okolu 55 drzavi ZA , najmalku!)So dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota

Најди! во Утрински
Политика
Нови 25 возила ќе ги гаснат пожарите
Kaвги во Советот на Општина Неготино
Груевски има воспалени мускули