Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Груевски има воспалени мускули

ТЕТОВО - „Од кревање лопати и поставување камен-темелници на, наводно, нови објекти, Груевски доби воспаление на мускулите. Тој е најголемиот физички работник во земјата, а од сето тоа што работи ништо не се гледа“, вака Тито Петковски го започна своето искажување пред членовите и симпатизерите на трибината на НСДП во Тетово, насловена „И трудот е капитал“. „Затоа, пак, вистинските работници живеат се' потешко. Најмалку 30 отсто од вработените имаат плата од 5.500 денари, а во текстилот дури и 4.000. Не им се плаќаат придонеси, немаат регулиран работен стаж. Средната класа сосема е изгубена. Македонија стана најсиромашна држава во регионот“, рече Петковски.

Тој смета дека на работниците им се скратени сите права. Не смеат да протестираат, да штрајкуваат, да побараат нешто на што имаат право. Ваквата состојба се должи на големата невработеност, на фактот дека на пазарот на трудот има огромна работна сила, а побарувачката е многу мала. „Работникот е максимално деградиран, понижен, уништено му е човечкото достоинство. Се живее како во периодот на раниот капитализам од пред 150 години“, коментираше Петковски. Според лидерот на НСДП, во нашата земја се' почнува и завршува со Никола Груевски. „Никој ништо не смее да каже, а уште помалку да направи ако не добил виза од Груевски“. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 2810 пати.

Испрати коментар

Од: diasporata
Датум: 17.05.2010 00:31:50
Ako ne bese Tito Petkovski do sega ke go zaboravevme Gruevski. Vo 2006 g. so Gruevski koalicirase za da napravi vlada , posle toa go sotra SDSM vo 2008 , sega go kritikuvas. Ne znam dali treba das se zema Grujo pa da se mava po tebe ili obratno da te zemame tebe pa da go tepame Grujo ...........
Од: Hari
Датум: 17.05.2010 00:35:43
Toa sto frla lopati, ednostavno se glupira pre nas i pred svetot. Procitan bukvar no edno e seriozno a toa e najgolemata krazba na drzavata od koga postoi, a nardot(se razbira prostiot) pagja vo trans na nekakov patriotizam??? Kako ce zavrsi Firerot e jasno no cehot ce go placa tokmu toj narod , BANKROT namesto prerodba. Toa go glasase narodot.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 17.05.2010 01:05:50
Дали другарот Тито, /не Броз, туку Петковски/ се сеќава на штрајкот на железарците и неговата улога во "разобличување" на организаторите на штрајкот. Дали заборавил дека тогаш "кичми се кршеа" поради учеството во штрајк.
Од: mene
Датум: 17.05.2010 07:51:15
Ova oid Petkoski mi izgleda kako demagogija.
Од: Луѓето не пасат трева
Датум: 17.05.2010 07:54:00
А ако се догребе до власта - Тито Петковски сигурно ќе го исправи сето тоа. Хахахаха.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.05.2010 08:36:06
Види просветлува��е да имало вистински и невистински работници.Ако вистинскиот работник зема 5.500 ден тогаш каде спаѓаат пратениците како категорија на која им припаѓа и самиот преседател на НСДП со примања вкупни околу 100.000 ден.Мора да се ударници во својот занает.Инаку насловот на трибината да ,,трудот е капитал,,неминовно доведува до прашањето каде се парите од тој капитал.Вероватно им е објаснето на присутните да ,,парите расипуваат,,.
Од: Трпе
Датум: 17.05.2010 08:50:47
Во какво време живееме.Човекот кој заборавил за што е избран па им ја зема и физичката работа на работниците.Но ова воспалувањето на мускулите и плускавиците на рацете не ке е од многу работа,тоа е од многу неактивно,нередовно работење.Сега сигурно треба да оди на надрилекари да се лекува.Се извинувам,заборавив,дека доста добро материјално стои,па може да си пружи лекување и во приватното здравсто.
Од: Пензионер
Датум: 17.05.2010 09:10:40
Тито зацепи со синдикални пароли, прави манифестација на Први Мај. Поарно е да се кандидира за прв синдикалец отколку да води политичка партија. А уште поарно е воспаление на мускулите одколку воспаление на јазикот (од многу зборување). Политичарите со најголем политички стаж, Стојан Андов и Тито Петковски се всушност најголемите демагози чиј практичен ефект за доброто на Македонија е скоро нула. Тие мислат само за себе и за своите семејства. По Стојан Андов и Тито Петковски ќе остане сам во партијата. Како што Зоран Крстевски последен го напушти Стојана, така тоа ќе го стори Горан Мисовски со неговиот претседател Тито.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.05.2010 09:13:00
„Нашиот“Шериф McLaboud,оној од бајките,е толку „вреден“,што е вообичаено да му се воспалени мускулите!Кутриот,не му е лесно 25 часа,8 дена во неделата,а сите други (оние „мрзеливите“ и „ментално попречени“)одамна дознале дека се работи 7-8 часови дневно,5 денови во неделата!Јадничок,од прекумерната работа најверојатно ги пропуштил вестите,па не чул,дека одамна се работи 40 часа во неделата,или Најверојатно сонува и се надева дека народот има Воспаление на Мозочните Виуги!Кој знае?Почнав и да се сомневам дека,можеби,Кашата во која живееме е последица на Прекумерниот Замор?Па,не е лошо да потсопре малку! Гледајте што направи - Рас��ур!
Од: ilija
Датум: 17.05.2010 09:45:31
sekoj raboti toa sto znaje mozebi grujo nee dobar politicar zatoa e dobar gradinar sekade kaj odi zasaduva drvca .ita e nestoö
Од: petre
Датум: 17.05.2010 10:45:29
Ovoj covek najmalku treba da kritikuva.premierot barem pravi nesto.Sto napravi g.Petkovski.Neka se zasrami.Dosta samo kritikuva.
Од: mene
Датум: 17.05.2010 10:57:22
Nasol koj da go kritikuva Gruevski,covekot koj do vcera mu bese koalicionen partner na VMRO-DPMNE.Pa od politicki vrtikapi vo RM covek ne moze glava da digne,posebno od bivsite komunjari na koi sega socijalizmot ne im cini i baraat uhlebie vo drugi partii.
Од: јас
Датум: 17.05.2010 11:34:03
Нашиот ни племиел иако страда од воспалени на мускули , наоѓа време и да подели по некој клуч ( од станче или пак противпожарно возило ) Со ова тој има ја зема работата и на хостесите , кои во наградните емисии делат клучеви , миксери соковници ...
Од: Samoil
Датум: 17.05.2010 13:10:09
pozdrav do diskutantite! Citajki gi vashite komentari zabelezav deka i vie ste isti ili ste od VMRO ili od SDSM Po moe viduvanje nikoj od vas ne misli so svoja glava a toa e ako ne ste partiski oboeni ke diskutirate za momentalno sto kazal TITO a ne edni go napagaat drugi go falat fakt e deka Makedonija nikogash koj i da e na vlast nemala podobruvanje na zivotot na svojot narod (sem svojte vojnic) ve molam komentirajte od stranata na narodot a ne za vash licen interes
Од: kole
Датум: 17.05.2010 14:20:25
Нека му дадат Naklofen???????????? Neli Felix?????
Од: blaze m.
Датум: 17.05.2010 14:39:09
Vreme e da si zamine vo penzijai onaka stana izliteni politicari so negoviot drugar Branko,Tito saka da bide po onaa izreka so tito

Најди! во Утрински
Политика
Нови 25 возила ќе ги гаснат пожарите
Kaвги во Советот на Општина Неготино
Нема замена за членството во ЕУ