Брoj 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Македонија гледаше во живо како се фалсификувале изборите

Увидот во изборниот материјал го забави темпото за одлуки и ги проби законските рокови

Катица Чангова

Јавноста во Македонија два дена и две ноќи гледаше пренос во живо како се фалсификувале вонредните избори за пратеници. Државната изборна комисија, на маратонска седница, ги разгледуваше приговорите на партиите и коалициите кои учествуваа на вонредните избори, но и изворно се уверуваше во веродостојноста на доказите за срамни незаконитости и нерегуларности.

За почеток се одлучи да го поништи гласањето на стотина места, а каде точно ќе се прегласува на 15 јуни ќе соопшти дополнително, откако ќе утврди дали тоа ќе влијае на резултатите во мандати. Има индиции дека ново гласање ќе има во 35 проценти од изборната територија каде што се натпреваруваа ДУИ и ДПА и многу е веројатно дека резултатите ќе бидат сосем поинакви од оние на 1 јуни.

Недемократски избори се случиле на повеќе гласачки локации во три изборни единици, „единицата“, „двојката“, а најпластичен пример за изборен фалсификат е „шестката“, која ги опфаќа Тетово и Гостивар. Притоа, и најголемиот лаик, за само десетина минути концентрација пред телевизиските екрани, можеше самиот да се увери во бесрамното попречување на изборниот процес.

За очекувањата од Државната изборна комисија при одлучувањето за вториот круг на парламентарните избори како исклучително важен за формирањето на конечната оценка од која ќе зависат перспективите на Македонија проговори и премиерот Никола Груевски, потенцирајќи дека ДИК е орган кој самостојно одлучува и кој треба да ја заштити демократијата.

„Улогата на ДИК е поголема од процедурална и техничка. Со сета нејзина одговорност, оваа институција мора да даде свој придонес во заштитата на изборниот процес и имиџот на Македонија. Лично очекувам Државната изборна комисија да ја заштити волјата и слободата на граѓаните. Очекувам да ги прифати забелешките на политичките партии и исказите на претставниците на меѓународната заедница како релевантни и да демонстрира одлучност при спроведувањето на правото и заштитата на правниот поредок. Очекувам Државната изборна комисија да ги прегледа и оцени жалбите мошне внимателно и онаму каде што има и најмал сомнеж дека постојат нерегуларности веднаш да донесе одлука за прегласување. Изборниот процес мора да се истера до крај на фер и демократски начин. Мора да се спречат сите обиди за злоупотреби“, истакна премиерот Груевски.

ДИК дури и по цена да ги пробие законските тајминзи за одлучување, што и се случи, реши да не го промени методот на работа и да излезе во пресрет на секое барање. Речиси за секој приговор се отвораше содржината од гласачката кутија во одредена избирачка локација, се прегледуваа записници, изводи од списоци, броење ливчиња...

Во еден момент, овластен претставник за приговорите, во интерес на времето, сакаше да се откаже од увид во избирачкиот материјал. Меѓутоа, шефот на ДИК Јован Јосифовски рече дека за врховната изборна институција времето не истекува се' до разгледување на сите приговори. „Не одиме на рокови утврдени со Изборниот законик. Првенствено е важно уставното право на глас. Затоа ќе работиме до крај“, изјави Јосифовски.

Следуваа шокантни констатации од членовите на ДИК. Од многу гласачки места немаше изводи од избирачки списоци, недостигаа оригинални записници, гласачки ливчиња. Имаше и неверојатен, речиси стопроцентен одѕив и многу гласови за една партија и ниту еден или само по некој глас за друга. Многу од записниците не беа потпишани, а тие кои беа, наместо потписи - имаа линии. Во записниците немаше податоци кој колку гласови добил.

Доказ за „фер избори“ е присуството и на лица од Албанија, кои слободно влегувале на избори и гласале за повеќе лица, на пример, во Гостивар. Семејното и групното гласање, избор во име на друг било присутно на многу локации, констатираше ДИК. Физички напади на гласачи, притисок врз членови на одбори, закани од вооружени групи... се шлагвортот од горчливата изборна торта.

Општинската изборна комисија од Тетово го доставила избирачкиот материјал по истекување на рокот, соопшти Субхи Јакупи, член на ДИК.

Тања Алтанџиева потенцира дека има извештај од 1 јуни во утринските часови во кој се зборува за избркани членови на избирачки одбори, набљудувачи, овластени предлагачи и дека немало кој да ја даде забелешката. „Бесполезен е увидот во записници, ливчиња, изводи. Во избирачките места 2.067 и 2.068 во Боговиње уште во 9,30 часот кутиите се наполнети и откинати се повеќе ливчиња од изводот на избирачкиот список. Ова е доволен доказ за поништување“, нагласи Алтанџиева.

На ваквата дискусија налутено реагираше Илјаз Ибиши, член на ДИК, предупредувајќи ја својата колешка Тања Алтанџиева да не „ми мешаш други места“.

Ибиши бараше бланко-прегласување на избирачки места иако изборните органи правилно ја завршиле работата. Кога ДИК оправдано ги одби приговорите, Ибиши се налути и ја напушти седницата.


Статијата е прочитана 783 пати.

Испрати коментар

Од: makedonec
Датум: 08.06.2008 12:09:05
Ovie izbori se sram za Makedonija , Neregularnosti imalo i vo drugite izborni edinici so cisto makedonsko naselenie no tamu nemalo koj da se sprotistavi. Opasna e i rizicna taktikata na gruevski da sto povece gi zakrvi albancite megju sebe toa ne e vo interes na Makedonija nitu e vo negov interes no za toa toj ne e svesen,. Toa brzo ce se pokaze no se plasam deka za Makedonija moze da bide mnogu kasno. Sto se odnesuva do rezultatite nesakam da veruvam deka imame takov narod kakva sto imame vlast sepak mislam deka ovoj narod zasluzuva barem malku podobra vlast od ovaa sto ja imase i sto ce ja ima

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
ДПА ја обвини ДИК за двојни аршини околу приговорите
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија