Број 2706  сабота, 07 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

ДПА ја обвини ДИК за двојни аршини околу приговорите

Тачи сега е на големи маки како да реагира по одлуките на ДИК

Светлана Унковска

Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ вчера ги отфрли обвинувањата изнесени од ДПА дека Државната изборна комисија работела и носела одлуки по директива на амбасадата. Ваквата реакција следуваше откако членот и претставникот од ДПА Илјаз Ибиши и Садула Изаири по завчерашното напуштање на комисијата изјавија дека се незадоволни од донесените одлуки по жалбите и истовремено ја обвинија ДИК дека работи тенденциозно и по директива на американската амбасада.

Настапот на претставниците од ДПА беше осуден од другите членови на Комисијата, кои обвинувањата ги оценија како скандалозни, додека Миловановиќ ги нарече лажни.

„Очигледно е дека се лажни овие обвинувања дека сум влијаела на ДИК. Она што го кажавме, и тоа јавно, е дека на секое место каде што постои сомневање и тврдење за несоодветно спроведен изборен процес треба да бидат повторени изборите. Само на тој начин може да се гарантира дека оние избирачи кои беа лишени од правото да гласаат ќе имаат шанса да го искористат тоа“, изјави Миловановиќ.

Членот на ДИК од редовите на ДПА Ибиши вчера негираше дека ја обвинил американската амбасада за некакво влијание, туку емоционално реагирал и бил погрешно разбран. Тој наведе и дека неговото повлекување од комисијата не била под директива на ДПА, туку е негова самостојна одлука.

„Не можам да дозволам да учествувам во ДИК каде што се спроведуваат двојни аршини. Увид во целиот изборен материјал им беше дозволен само на некои од овластените претставници и затоа мојата одлука беше дека не сакам повеќе да бидам дел од такво одлучување и да сносам одговорност за какво било сценарио што може да се случи и на прегласувањето“, изјави Ибиши. Тој тврди дека постои голема можност од повторни инциденти поради незадоволство од одлуките на некои изборни места да с�� прегласува, а на некои не.

На ваквото финале претходеше закана од ДПА дека ќе се повлече од натамошниот изборен процес, односно од прегласувањето што треба да се спроведе идната недела доколку ДИК донесе одлуки да се прегласува само во Првата и во Шестата изборна единица, каде што има поднесено жалби ДУИ, а не и во Втората изборна единица и во Чаир. Незадоволни поради тоа што од 15 приговори кои се однесуваат на 131 избирачко место, Комисијата го поништи гласањето на 13 гласачки места најавија бојкот на прегласувањето.

Вчера во ДПА- молк. Никој не сакаше да потврди или да негира дали по повлекување на нивниот член и претставник во ДИК ќе останат на ставот за бојкот и на повтореното гласање. Според портпаролот на партијата Адриатик Имери, одлуката ќе зависи од тоа каков ќе биде целиот исход на одлуките на ДИК, па потоа врвот на највисокото партиско раководство ќе одлучи како ќе се однесуваат натаму.

И вчера ДИК работеше без претставниците на ДПА, а претседателот Јован Јосифовски нивното отсуство го оправда со тоа што Ибиши бил болен, додека претставникот Изаири, пак, немал обврска да присуствува.


#
Статијата е прочитана 1018 пати.

Испрати коментар

Од: Agim
Датум: 07.06.2008 00:47:13
Poleka-poleka ti stesnuva kaisot COVEKO-MESAR ! Ne gi krivi g-data od DIK , deka imale pritisok od SAD , inace ni tie ne bi smeele od tebe tolku da rizikuvaat.. Pa cim glasale za tebe , zosto se plasis od povtorenite izbori COVEKO-JADECU ?
Од: tomori
Датум: 07.06.2008 00:54:09
dpa namesto da izleguvat so izvinuvanje za toa shto go napravi na izbori,cel svet ne gledashe,tie prodolzhuvat ushte situacijata da ja vloshat,ova go nema nikade vo svetot.
Од: Obie
Датум: 07.06.2008 08:55:03
Hajde opet da te vidam Adriatik Imeri kako izleguvas pred kameri i najavuvas pobedi i bese mnogu siguren deka pobedivte ubedlivo. Pa chim ste taka ubedlivi ne znam zasto se plasite od preglasuvanje. Aha zaboraviv sega nema veke so sila, sega ke se slusa voljata na narodot a toj veli:"Ve ocekuva katastrofalen debakl"

Најди! во Утрински
На прво место
Македонија гледаше во живо како се фалсификувале изборите
Кацин- Грција провоцира конфликт со Македонија

"""