Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Денес и утре дожд, викендот суво и студено

Македонија и утре ќе биде под влијание на серија влажни воздушни маси што донесоа облачно време со повремен дожд. Метеоролозите предупредуваат дека на одделни места ќе има и пообилни врнежи, а локално е можно да наврнат и повеќе од 30 литри на квадратен метар. Врнежите ќе бидат проследени со ретка појава на грмежи и засилен ветер.

Од петок времето ќе биде стабилно и суво, но викендов со мошне ниски утрински температури кои на места ќе бидат и негативни, од минус 3 до 3 степени.

„Денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, а утринските температури ќе бидат помеѓу 11 и 15 степени. Во текот на денот ќе се искачат до 19 степени. Во Скопје ќе дува и слаб ветер од северен правец. Од утре облачноста ќе се намали, а веќе в петок ќе биде стабилно и суво, но со пониски утрински температури“, вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар.

И во понеделник и вторник идната недела ќе биде студено, а во некои места температурите ќе се спуштат на минус еден степен. Ќе има температурни разлики, а максималните дневни ќе достигнат 19 степени. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 2407 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Улиците во Битола заборавени, но не и спомениците
Грците не сакаат историски проекти за Македонија






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe