Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Македонија

Улиците во Битола заборавени, но не и спомениците

Локалната власт ветува изградба на нови сообраќајници и поправка на старите, но не ги исполнува

БИТОЛА - Улиците во Битола се изрешетени со дупки, асфалтот е распукан, а возачите се принудени да возат слалом за да не ги искршат автомобилите. Оваа алармантна ситуација не е доволна причина за инвестирање во инфраструктурата. Локалната власт заборави на патиштата, но не и на спомениците, обвинија советниците од битолската опозиција, коментирајќи дека во ребалансираниот буџет за оваа година се предвидени четири милиони денари за споменици, што е повеќе од лани. Се' уште не се знае дали парите ќе се потрошат за споменик за децата-бегалци од Егејска Македонија, за обележје на бранителите, за дооформување на комплексот „Филип Втори“ или можеби ќе има некое ново изненадување.

Настрана политиката, но лошите патишта во Битола и околината најмногу ги засегаат граѓаните, бидејќи силно удира по нивниот џеб. Возачите, а особено таксистите, гневно коментираат дека благодарение на уличните кратери, половина од годишната заработувачка ја даваат на механичари.

На овие забелешки градоначалникот и советничкото мнозинство во Битола ветуваат санирање на патиштата.

Анализите на опозицијата за буџетските ставки покажале и други скр��тувања. И локалниот економски развој во градот под Пелистер се стркалал по удолница. Дека во Битола се' помалку се гради, дека драстично се намалуваат приходите од ДДВ, е добар показател за стандардот. Битолчани имаат се' помалку пари и се' помалку трошат. Со изгласаните промени во буџетот, власта реши да ги намали трошоците за урабанистичкото планирање на градот, предвиде помалку пари за градинки и за домот за стари лица. Потоа ги скуси финансиите и за Центарот за развој на туризмот со кој лани толку многу се гордееше.

Но, затоа го одврза ќесето за споменици, иако беше изложена на силни критики за потрошените половина милион евра за споменичниот комплекс посветен на Филип Втори на плоштадот „Магнолија“.

„Трета година парите за локални патишта во битолско мистериозно исчезнуваат од буџетот. Наспроти ова, четири милиони денари ќе се трошат за нови споменици. А зошто да не? Се потрошија 500 илјади евра, а коњаникот на античкиот крал се' уште стои зад општинскиот двор и не се става на постаментот“, критикува советникот на ЛДП, Валентин Груевски.

„Народот осиромаши. Даночните приходи се намалија за 21 милион денари. Дури и таксата за привремен престој е намалена за 500 илјади денари. Но, растат ставките за споменици, за тужби од граѓани, привремени вработувања“, реагира Наташа Струмениковска, советничка на СДСМ.

На ваквите критики за тазе скроениот буџет власта возврати со ветувања дека ќе се инвестира во нови улици, патишта, автопати, дека ќе се реконструираат постојните коловози. Ќе се вложува и во пречистителни станици и колектори. Но, битолската власт признава дека го зголемува фондот за споменици.

„Ставката за улици, патишта и автопати се зголемува од 10,2 милиона денари на 14,5 милиони денари. И ставката споменици е повисока, од 3 се зголемува на 4 милиони денари“, потврди Благица Талевска, раководителка на Секторот за финансии во Општина Битола.

На забелешките на опозицијата дека за градоначалникот и за локалната власт најважна е културата, а не улиците, Владимир Талески вети сообраќајна студија. Опозицијата уште еднаш го потсети на ветувањето за патишта што им го даде Талески уште во првиот мандат на жителите од селата Долно и Горно Оризари, Поешево, Крклино, Црно буки, Трн, Грешница.

„Пари за реконструкција на овие локални патишта нема во буџетот, бидејќи ќе ги прави Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски. Оваа есен очекуваме два од овие правци да бидат завршени. Тоа е патот за селата Долно Оризари, Карамени и Трн, како и патот за Поешево. Другите ги предвидуваат за наредната година“, објасни битолскиот градоначалник.

Граѓаните се' уште на шега коментираат дека дупките низ битолските улици се крпат само кога во посета доаѓа премиерот Никола Груевски. Тогаш Битола потсетува на Потемкиново село, а со ладна асфалтна маса се постилаат само улиците каде што поминуваат премиерот и неговите министри. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 749 пати.

Испрати коментар

Од: bitolaman
Датум: 06.10.2010 18:28:31
Kolku li vreme ke im treba na bitolcani da ednas zasekogas razberat deka Taleski voopsto ne se razlikuva od negoviot mentor Gruevski.I dvata ednostavno kazano LAZAT.Ni gi zgolemi porezite na imot a od Bitola napravi selska palanka.Pred 2 nedeli bev vo Strumica i vidov kako tamu se se gradi.Kaj nas edinstveno sto se napravi vo ovie 5 godini,i seuste ne e dopraveno e dulieto.Rezil za najgradskiot grad sto na celo ima po bitolski receno prv covek-shankure.
Од: dovledzik
Датум: 07.10.2010 10:35:43
Ne e vazno sto ulicite se za nikade i ne se popravaat. Vazno e deka ulicite(kakvi takvi) samo se raskopuvaat. Na prasanje koga kje se popravi ona sto go raskopaja, rabotnicite odgovaraat deka za toa ke odluci pocituvaniot Gradonacalnik. I onamu kade raskopanoto se "poprava", za desetina dena, zaradi nekvalitetna podloga( zemjate ne e dobro "nabiena),posniot asfalt propagja.Na ulicite 'profitot" e mal, a kaj spomenicite?????! BRUKA

Најди! во Утрински
Македонија
Денес и утре дожд, викендот суво и студено
Грците не сакаат историски проекти за Македонија






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe